Дарко Велковски (роден на 21 јуни 1995 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од одбраната на Ал Итифак и на македонската репрезентација.

Биографија Тој е брат на Мартин Велковски кој е ракометар во екипата на Еурофарм Пелистер.

Клупска кариера Велковски е производ на младинската школа на Работнички. За првиот тим дебитирал во турнирот Лига Европа на 21 јули 2011, во победата со 3-0 на домашен терен над претставникот од Сан Марино, Јувенес/Догана; со само 16 години и еден месец, Велковски бил стартер и го одиграл целиот натпревар. Точно 10 дена подоцна, Дарко дебитирал во Првата македонска фудбалска лига во победата на домашен терен над Брегалница со 2-1.

На 18 јуни 2015, Велковски потпишал тригодишен договор со Вардар за сума од преку 100.000 евра, што претставува рекорд во македонскиот фудбал. За време на својот престој во Вардар одиграл 52 натпревари со 1 постигнал погодок. Во сезоната 2017/18 со екипата на Вардар учествувал во групната фаза на Лига Европа. Вардар бил во група со Зенит, Реал Сосиедад и Копенхаген.

Во 2018 година се преселил во Хрватска, каде играл за тимот на Риека. Таму настапувал во периодот од 2018 до 2022 година, забележувајќи 62 настапи, со 1 постигнат погодок. Во 2022 година се преселил во Саудиска Арабија, во тимот на Ал Итифак.

Репрезентативна кариера На 18 јуни 2014 го имал своето деби во сениорската репрезентација на Македонија во поразот со 2-0 во пријателски натпревар против Кина.

Со младинската репрезентација на Македонија до 21 година, во 2017 година учествувал на младинското европско првенство до 21 година во Полска, настапувајќи на 2 натпревари против Шпанија и Србија.

Во 2021 година бил дел од составот на Македонија на Европското првенство во 2021 година, настапувајќи на сите 3 натпревари кои ги одиграла македонската репрезентација.

Титули Работнички Македонско првенство : 1 2013-2014 Куп на Македонија : 2 2013-2014, 2014-2015

Вардар Македонско првенство : 2 2015-2016, 2016-2017

Риека Куп на Хрватска : 1 2018-2019, 2019-2020

Наводи

Надворешни врски

Дарко Велковски на soccerway Дарко Велковски на transfermarkt

Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Скопје Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Живи луѓе Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци