Лик Абало (; роден на 6 септември 1984 година во Иври на Сена) — француски ракометар кој игра на позиција десно крило а понекогаш и како десен бек. Абало како дел од ракометната репрезентација на ФранцијаEHF profile има освоено три европски титули (2006, 2010, 2014), три светски титули (2009, 2011 и 2017) и два олимписки златни медали (2008http://www.sports-reference.com/olympics/athletes/ab/luc-abalo-1.html Sports References, 2012). Од 2012 година настапува за екипата на Париз Сен-Жермен, со кој шест пати ја има освоено Француската ракометна лига. Тој бил прогласен за француски играч на годината во 2007 година, и за најдобро десно крило на лигата во 2005, 2006 и 2007 година. Во 2008 година ја примил наградата Легија на честаLuc Abalo . Sports References.
Абало е графички уметник. На барање на Францускиот олимписки комитет, тој дизајнирал мрежна лента за популаризација на кандидатурата на Париз за Летните олимписки игри во 2024 година. Околу 1,5 милиони примероци биле продадени во септември 2015 годинаLuc Abalo . nbcolympics.comJean-François Fournel (2 September 2015) Le handballeur Luc Abalo a créé le symbole de « Paris JO 2024 » . la-croix.com.
Животопис
Родителите на Абало се со потекло од Того. Својата кариера ја започнал во младинските школи на Иври. Својот прв професионален договор го имал со клубот Иври на Сена, каде уште од најрани години играл на позицијата крилен десен бек, и каде се задржал до 2008 година. Иако е релативно низок за ракомет (со всина од 1,82 м), Абало е еден од најдобрите ракометни десни бекови, бидејќи се одликува со својата брзина и одлучност. На оваа позиција во репрезентацијата успешно го наследил ракометарот на Монпелје, Грегори Анкетил.
Така, тој станал носител на крилната позиција во рамките на францускиот тим за време на Европското првенство во 2006 година, турнир во кој за првпат во својата кариера го освоил златниот медал.
Во РК Иври на Сена играл 12 сезони и во текот на овој период станал шампион на Франција во 2007 година. Во 2008 година, тој бил продаден на Сиудад Реал, последен победник во Лигата на шампиони, каде настапувал и неговиот сонародник Дидје Динар. Тој пристигнал во Шпанија по освоената прва олимписка титула во Пекинг во 2008 година. Оваа титула дополнително била потврдена пет месеци подоцна кога Франција станала светски шампион во Хрватска во 2009 година.
Во играта на Сиудад Реал Абало внел живост во играта која не постоела на оваа позиција и значајно преземање ризик. По крајот на првата сезона, Абало со Сиудад станал шампион на Шпанија и ја освоил Лигата на шампионите. За време на своите четири сезони поминати во Сиудад Реал, кој станал БМ Атлетико Мадрид во 2011 година, Абало ја освоил титулата шампион на Шпанија и во 2010 година, но во следните две сезони останал на второто место бидејќи последователно РК Барселона ја освојувала шпанската лига. Во сезоните 2011 и 2012, Сиудад Реал стигнувал во завршниот турнир од Лигата на шампионите. Освен тоа, сошпанскиот тим освоил два кралски купа, Купот АСОБАЛ, шпанскиот Суперкуп, Европскиот супер куп и две клупски првенства.
Во 2012 година, посакувајќи да биде поблизу до неговото семејство кое живеело во регионот на Париз, Лук Абало потпишал четиригодишен договор со Париз Сен-Жермен, во сезоната кога во клубот дошол нов сопственик, Qatar Investment Authority. На 14 октомври 2012 година, за време на неговиот прв натпревар против Рен, тој постигнал 8 голови од 11 обиди, освојувајќи ја наградата најдобар стрелец на натпреварот.
На крајот на сезоната Абало ја освоил својата втора титула шампион на Франција, но во финалето на Купот на Франција во 2013 година ПСЖ бил поразен од Монпелје.
Во 2019 година ја освоил својата седма титула шампион на Франција, шеста со ПСЖ.
Титули Репрезентација +Меѓународни награди Година Натпреварување Земја Резултат Натпревари2006Европско првенство<center><center><center><center><center>8 (23)<center>2007Светско првенство<center><center><center>4<center><center>??<center>2008Европско првенство<center><center><center><center><center>??<center>Олимписки игри<center><center><center><center><center>8 (29)<center>2009Светско првенство<center><center><center><center><center>10 (47)<center>2010Европско првенство<center><center><center><center><center>8 (30)<center>2011Светско првенство<center><center><center><center><center>10 (33)<center>2012Европско првенство<center><center> 11<center>? (?)<center>Олимписки игри<center><center><center><center><center>8 (23)<center>2013Светско првенство<center><center> 6<center>7 (24)<center>2014Европско првенство<center><center><center><center><center>8 (31)<center>2015Светско првенство<center><center><center>отсутен поради повреда<center>2016Европско првенство<center><center><center>5<center><center>6 (24)<center>Олимписки игри<center><center><center><center><center>8 (21)<center>2017Светско првенство<center><center><center><center><center>9 (12)<center>2018Европско првенство<center><center><center><center><center>8 (20)<center>2019Светско првенство<center><center><center><center><center>10 (20)<center>
Клуб Меѓународни натпреварувања Победник во Лига на шампиони (1) : 2009 Финалист во 2011, 2012, 2017 Победник во Суперкуп на Европа (1) : 2008-09 Победник на Светско клупско првенство (2) : 2010, 2012 Финалист во 2011, 2016
Домашни натпреварувања Победник на Француската лига (7) : 2007, 2013, 2015, 2016, 2017, 2018, 2019 Вице-шампион во 2014 Победник во Куп на Франција (3) : 2014, 2015, 2018 Финалист во 2006, 2013 Победник на Трофеј на шампиони (3) : 2014-15, 2015-16, 2016-17 Победник во Лигакуп (3) : 2017, 2018, 2019 Финалист 2007, 2015 Победник на Шпанска лига (2) : 2009 et 2010 Вице-шампион во 2011, 2012 Победник во Копа дел Реј (2) : 2011, 2012 Финалист 2009 Победник во Куп АСОБАЛ (1) : 2011 Финалист во 2010 Победник во Суперкуп на Шпанија (1) : 2012 Финалист 2009
Лични признанија
2008: Орден на легијата на честаwww.legifrance.gouv.fr 2013: Орден на националниот поредок за заслугиwww.legifrance.gouv.fr ЕХФ награда (почесна награда доделена на играчи кои освоиле титули и во репрезентацијата и во клубот) Прогласен за најдобар играч во француското првенство (1): 2007 година Прогласен за најдобро десно крило во француското првенство (3): 2005, 2006 и 20081 година Прогласен за најдобар десен крилен напаѓач во француското првенство (2): 2007, 2013 година Прогласен за најдобар десен крилен напаѓач во Шпанското првенство (4): 2009, 2010, 2011, 2012 година Номиниран за титула најдобар играч на светот 2011 годинаwww.ehf-euro.com Прогласен за најдобар десен крилен играч на Европското првенство (2): 2010 и 2014 година Прогласен за најдобар десен крилен играч во Лигата на шампионите 2013-2014
Статистика Податоците се однесуваат само натпреварите во европските турнири
Клуб Сезона Лига Натпревари Голови РК Иври на Сена 2001-2002ЕХФ Куп //2004-2005КПК //2005-2006ЕХФ Куп /12006-2007КПК /142007-2008Лига на шампиони /74 РК Сиудад Реал 2008-2009Лига на шампиони /582009-2010Лига на шампиони /532010-2011Лига на шампиони /472011-2012Лига на шампиони /25 РК Париз Сен-Жермен 2013-2014Лига на шампиони /482014-2015Лига на шампиони /202015-2016Лига на шампиони /572016-2017Лига на шампиони /542017-2018Лига на шампиони /322018-2019Лига на шампиони /442019-2020Лига на шампиони /19
Податоците се однесуваат на натпреварите во ПСЖ +СтатистикаСезонаКлубПрвенствоКупСуперкупЛига на шампиониВкупноНатпревариГоловиод играод 7 метриНатпревариГоловиод играод 7 метриНатпревариГоловиод играод 7 метриНатпревариГоловиод играод 7 метриНатпревариГоловиод играод 7 метри2012-2013 Париз Сен-Жермен2611817 - - - - - - - -2013-2014194927 - - - -13482014-20151861 - - - -259202015-20162371311 -17572016-20172366313 -19542017-2018154231122923Вкупно12440712494767202207665
Наводи
Категорија:Француски ракометари Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Носители на Националниот орден за заслуги (Франција) Категорија:Живи луѓе Категорија:Офицери на Легијата на честа