мини|десно|Друмски велосипедизам мини|Планински велосипедизам. мини|Полицајци на велосипеди во Лондон мини|Велосипедски курир

Велосипедизам — употреба на велосипеди за сообраќај, рекреација или за спорт. Лицата кои возат велосипеди се нарекуваат „велосипедисти“, Покрај вообичаените велосипеди со две тркала, во велосипедизмот се вбројуваат и возењето на едноколки, триколки, четириколки и слични возила.

Велосипедите се појавиле во век и моментално се проценува дека има над една милијарда велосипеди во светски рамки.DidYouKnow.cd. There are about a billion or more bicycles in the world.. 30 јули 2006. Првите велосипеди во Македонија се претпоставува дека се појавиле исто така во век. Велосипедите се користат како основно средство за превоз во многу делови на светот.

Велосипедизмот нашироко се цени како многу делотворен и ефикасен модел за превоз идеален за кратки или умерени растојанија. Велосипедите обезбедуваат бројни користи во споредба со моторните возила, вклучувајќи значајна фискултура со возењето велосипед, меѓу кои се вбројуваат намалената потрошувачка на фосилни горива, помало загадување на воздухот и помала бучава во градовите, помали сообраќајни гужви, полесно паркирање и полесно управување. Во предности влегуваат и намалените финансиски трошоци како за корисникот, така и за општеството во целина (занемарливо оштетување на патиштата, помала зафатнина на патишта). Со можноста за закачување на велосипеди на автобусите, сообраќајните претпријатија можат значајно да ги зголемат областите кои ги опслужуваат.

Помеѓу слабостите на велосипедизмот се нестабилноста на велосипедот по природа, големата изложеност при несреќи (особено во судири со моторни возила), поголемото време за патување (освен во густо населените области), изложеноста на временските услови, потешкотијата во пренесувањето патници, конкурентноста со другите општествени форми на јавен превоз и вештините и кондицијата за велосипедизам.

Опрема

мини|Сообраќајна дозвола за велосипед, издадена во 1935 година. Во многу земји, најмногу употребувано возило за друмски превоз е градскиот велосипедот. Најчесто содржи рамки со лежерна геометрија, заштитувајќи го велосипедистот од ударите на патот и олеснувајќи го управување при ниски брзини. Градските велосипеди вообичаено се опремени со додатоци, како калници, кошници и светла кои ја надополнуваат корисноста на дневна основа. Некои земји во светот особено се потпираат на велосипедите и нивната култура го практикува велосипедот како основен облик на сообраќај. Во Европа, Белгија и Холандија важат за земји со најмногу корисници на велосипеди кои ги употребуваат за секојдневен превоз.

Друмските велосипеди тежнеат да имаат поисправен облик и пократка основа на тркалата, правејќи го велосипедот пофлексибилен, но со тешкотии за управување при мала брзина. Обликот, надополнет со ниски рачки, побарува возачот да биде навален нанапред, со што се создаваат посилни мускули (особено ножните) и се намалува отпорот на воздухот при големи брзини.

Цената на нов велосипед може да се движи од 4.000 денари до повеќе од 600.000 денари (најскап велосипед во светот е приспособениот Мадон од Дамјен Хирст, продаден за 500.000 американски долари), што зависи од квалитетот, видот и тежината (најновите друмски велосипеди може да тежат одвај 3,2 килограми). Меѓутоа, одредбите на Меѓународниот велосипедистички сојуз наведуваат дека велосипед употребен во трка не смее да тежи помалку од 6,8 килограми. Воедно, се препорачува самите да се измерите и велосипедот да го испробате пред да пристапите кон купување на велосипед.

Вештини

Многу училишта и полициски служби велосипедски натпревари, на кои децата учат како се вози велосипед и ги воведуваат во правилата на сообраќајот, особено оние кои се однесуваат на велосипедистите.

Покрај вообичаеното возење, друга вештина е ефикасното и безбедно возење во сообраќајот. Еден популарен пристап во возењето велосипед е користењето на цела лента, како што тоа го прават моторните возила. Друг пристап, во држави каде што велосипедизмот е популарен, како Холандија, велосипедистите понекогаш се разделени во посебни ленти на страна.

Инфраструктура

мини|десно|Паркинг за велосипеди во Амстердам, Холандија мини|десно|Рамка за велосипеди на улицата Македонија во центарот на Скопје, Македонија

Велосипедистите, пешаците и моторџиите имаат различни потреби на патот и сакаат различен изглед на патиштата, поради што можат да настанат конфликти. Некои власти даваат предност на моторизираниот сообраќај, на пример воведувањето еднонасочни улици, слободно вртење во десно, големи кружни текови и раскрсници. Други пак воведуваат мерки за ограничување на влијанието на моторизираниот сообраќај. Во првите случаи, велосипедизмот бележи намалување, додека со вторите мерки има стабилност и продолжува да се развива. Понекогаш можат да се случат екстремни мерки против велосипедизмот. Во Шангај, каде некогаш велосипедите биле преовладувачки начин на сообраќај, биле воведени забрани за велосипедисти на неколку градски улици во декември 2003 година.

Во областите каде велосипедизмот е популарен и охрабруван, велосипедските паркинзи користат велосипедски држачи, мини-гаражи со можност за заклучување и чувани велопаркови со цел да се намали кражбата на велосипеди. Локалните власти го промовираат велосипедизмот дозволувајќи велосипедите да бидат пренесувани во јавниот превоз или преку воведување надворешни помошни држачи на возилата на јавниот превоз. Спротивно, отсуството на безбедни велопаркинзи води кон незадоволство од велосипедистите.

Издвоени велосипедски патеки можат да се сретнат во некои градови. Овие патеки често мора да бидат делени со ролерџиите, скејтерите и пешаците. Одвојувањето на велосипедскиот и автомобилскиот сообраќај во градовите наишол на поделен успех, како во безбедноста, така и во ширењето на велосипедизмот. На одредени точки двата тека мора да се сретнат, често на опасен начин, како и со закрчен сообраќај. Студиите покажале дека поради високата можност за несреќи на овие места, некои такви издвоени патеки можат всушност да го зголемат бројот на несреќи на автомобили-велосипеди."Bicycling Life"

Велосипедите се сметаат за одржлив начин на сообраќај, особено погодни за градска употреба и на релативно кратки растојанија користени за превоз (како и за рекреација). Студиите на случаи и добрите искуства (од европските градови и некои светски примери) кои го промовираат и поттикнуваат овој начин на велосипедизам во градовите можат да се најдат на Елтис, европскиот портал за локален превоз.

Голем број европски држави, вклучувајќи ги Австрија, Германија, Данска, Италија, Холандија, Франција и Шведска, применуваат строги одредби за велосипедистите, насочени кон нивна заштита. На пример во Холандија, законот претпоставува дека посилниот учесник (н.п. возачот на автомобил) е одговорен во случај на несреќа со послаб учесник (н.п. велосипедист), доколку не биде докажано дека однесувањето на велосипедистот не можело да биде очекувано.

Воедно, во Холандија, возачите знаат и очекуваат голем број велосипеди, а велосипедските патеки се раширени и (во градови) приближени до моторите. Поради овие одредби бројот на несреќи помеѓу автомобилите и велосипедите не е висок во Холандија.

Голем број градови, вклучувајќи ги Париз, Лондон и Барселона, сега имаат развиен систем на измајмување велосипеди, кои им овозможуваат на луѓето да користат велосипед низ градовите. Вообичаено овие градски велосипеди се ослободени од плаќање во одреден временски период.

Видови Постојат неколку дисциплини на возење велосипед:Марјан Карапанџевски и Лидија Белческа Карапанџевска, Физичко и здравствено образование за VIII одделение во осумгодишно образование. Скопје: Министерство за образование и наука на Република Македонија, 2010, стр. 103-104. друмски велосипедизам: тој се одвива по асфалтирани патишта, а најпознати трки во оваа дисциплина се Tour de France и Giro d'Italia; во оваа дисциплина, велосипедите имаат мала тежина со цел да се намали отпорот на триење меѓу тркалата и подлогата. ридски велосипедизам: оваа дисциплина се одвива во природа, на нерамни терени (планини, шуми итн.); притоа, се користи велосипед со лесна конструкција, со широки гуми и со преден и заден амортизер со цел да се ублажат ударите од нерамниот терен. крос-велосипедизам: се одвива на патеки со различни пречки, обично на кружни патеки со должина од два до пет километри. екстремен велисопедизам: во оваа дисциплина се користи посебен велосипед, наречен BMX, кој има мала и лесна конструкција, што му овозможува на возачот да прави разни акробации. велодромски велосипедизам: се одвива на обични патеки или на специјални, овални патеки со должина од 250 до 300 метри; притоа, велосипедот и облеката на возачот имаат аеродинамична конструкција со што се постигнува поголема брзина.

Градски велосипедизам мини|десно|Амстердам — еден од најразвиените градови со градски велосипедизам во светот.

Градскиот велосипедизам се однесува како на велосипедизмот како средство на секојдневен превоз, како и употреба на велосипедот за комерцијална активност, главно за превоз на добра и најмногу се сретнува во урбаните средини.

Поштите во многу земји долго време се потпирале на велосипедите. Британската Кралска пошта започнала да ги употребува велосипедите во 1880 година; денес, постојат 37.000 велосипедски поштари во Велика Британија, 25.700 во Германија, 10.500 во Унгарија и 7.000 во Шведска. Во Австралија, Австралиската пошта исто така повторно ги вовела поштенските достави на некои патеки поради неможноста да вработи доволен број на возачи кои ќе сакаат да ги користат нивните неудобни мотори. Лондонската амбулантна служба неодамна вовела велосипедска итна служба, кои често можат да стигнат до местото на несреќа во средиштето на Лондон побрзо отколку моторизирано возило.

Кон крајот на век, урбаните полициски велосипеди станале почести, бидејќи подвижноста на полицајците со автомобили била ограничена од гужвата во сообраќајот и пешачките зони.

Во многу земји, велосипедите се користат како возила за достава. Во Велика Британија и во Северна Америка, на многу генерации младинци нивна прва работа им била достава на весници со велосипед. Лондон има многу компании за достава кои користат велосипеди со приколки. Повеќето градови на Запад поседуваат велосипедски курири кои доставуваат документи и мали пакети. Во Индија во многу градови велосипедите се користат за достава на ручек. Во Богота, Колумбија, најголемата градска пекарница неодамна ги заменила нејзините камиони за достава со велосипеди. Дури и автомобилската индустрија користи велосипеди. Во огромната фабрика на Мерцедес-Бенц во Зинделфинген, Германија, работниците користат велосипеди за да се движат низ фабриката.

Рекреативен велосипедизам Велосипедски туризам

мини|Вообичаен изглед на велосипед подготвен за велосипедски туризам

Велосипедите се користат како средство за рекреација од сите возрасти. Велосипедскиот туризам, исто така познат како велотуризам, кој вклучува возење и истражување или разгледување со велосипед за задоволство.

Омилена холандска активност е релаксирано возење велосипед во руралните подрачја во внатрешноста на Холандија. Земјата е многу рамна и испресечена од велосипедски патеки, каде велосипедистите не се попречувани од автомобили или други сообраќај, што ги прави идеални за велосипедизам. Многу Холанѓани се пријавуваат секоја година на настанот наречен fietsvierdaagse — „четири дена велосипедизам“ низ руралните подрачја. Париз-Брест-Париз, која започнала во 1891 година, е најстарата велосипедска трка која сè уште се одржува редовно на отворен пат, се одвива на растојание од 1.200 километри и вклучува 90 часа временска рамка.

Организирани трки