Вилстер () — град во округот Штајнбург, во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Градот претставува административно седиште на општинската заедница Вилстермарш, иако самиот град не е член на заедницата.
Историја
Вилстер ги добил градските права во 1282 година и со тоа се вбројува помеѓу најстарите градови во покраината Шлезвиг-Холштајн. Вилстер е средиште на Вилстермарш, голема област за одгледување на говеда во Германија.
Од 1 јули 2005 година, градската администрација и администрацијата на општинската заедница Вилстермарш се споени и работат заедно.
Знаменитости
Старото Градско собрание изградено во 1585 година е помеѓу најдобро зачуваните ренесансни градби во Шлезвиг-Холштајн.
Исто така, црквата Св. Бартоломеј во барокен стил, изградена од Ернст Георг Зонин помеѓу 1775 и 1781 година и новото Градско собрание изградено во 1786 година се вредни споменици.
Луѓе Волфганг Ратке — дидактичар и педагог Ханс Херман Јунге — СС-офицер и личен слуга на Адолф Хитлер
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Штајнбург