Ијар ( или , од акадски: , „розета, цвет“) — осмиот месец од граѓанскиот и вториот месец од верскиот еврејски календар. Името му е од вавилонско потекло. Ова е пролетен месец и има 29 дена. Обично паѓа во април–мај од грегоријанскиот календар.

Во еврејската Библија, пред Вавилонското ропство, овој месец се нарекувал зив (Царства 6:1 и Царства 6:37Според македонската Библија 3 Царства —). Ова е хебрејско име и значи „светлина“ или „блесок“.

Празници во ијар 4 ијар: Јом азикарон (Спомен-ден на паднатите борци и жртвите на тероризмот) 5 ијар: Јом аацмаут (Ден на независноста на Израел) 14 ијар: Песах шени (Втора пасха) 18 ијар: Лаг баомер (Броење на омерот) 28 ијар: Јом Јершалаим (Ден на Ерусалим)

На други јазици На арапски, „ајар“ или „ејар“ () се нарекува месецот мај.

Наводи

Надворешни врски Овој месец во еврејската историја

Категорија:Месеци во еврејскиот календар