Ав (, , аба; од , „татко“) — единаесеттиот месец од граѓанскиот и петтиот месец од верскиот еврејски календар. Името му е од вавилонско потекло и се јавува во Талмудот некаде околу III век, но е единствениот еврејски месец што не е споменат во Библијата. Ова е летен месец и трае 30 дена. Обично соодветствува на јули-август во грегоријанскиот календар.
Во Таанит 29а од Вавилонскиот Талмудуд се вели дека „кога ќе настапи [месецот] ав, радоста ни опаѓа“. Причината е тоа што во првата половина од овој месец се случиле најцрните настани во еврејската историја. Од особено значење се т.н. „Девет дена“ кои го доживуваат својот врв во постот Тиша беав на 9 ав. Но покрај овие празници, на полна месечина во месецот се празнува и мошне запоставениот празник Ту беав (15 ав) кој уште од древноста важел за еден од најсреќните денови во годината.
Празници во ав 9 ав: Тиша беав 15 ав: Ту беав
Наводи
Надворешни врски Овој месец во еврејската историја Еврејскиот месец ав