Славистиката е академско подрачје кое ги проучува подрачјата каде што живеат словените, Словенските јазици, литературата и културата. Слависта е лингвист или филолог кој ја изучува Славистиката. Славистиката се појавува во доцниот 18. и раниот 19. век, речиси истовремено со националното будење помеѓу словенските народи, и обид да се воспостави дијалог помеѓу Славјанската заедница. Ова движење е познато и како Пан-Славистика. Еден од првите научници кои го користат ова име е Јозеф Добровски.

Историјата на славистиката генерално е поделена на три периоди. До 1876 раните слависти се концентрирале на документација и печатење на споменици за словенските јазици. Во овој период се појавуваат и првите модерни речници и граматики. Вториот период завршува со Првата светска војна, и е обележан со брз развој на Славјанската филологија и лингвистика. Овој процес го стумулираат Август Шленшен и Август Лескен на Универзитетот во Лајпциг. По војната, научниците се фокусираат на дијалектологијата. По Втората светска војна, славистички центри се формирани на многу универзитети низ светот.

Подрачје на интересирање

Белорусија - Белоруски јазик - Белоруска литература - Белоруска култура Бугарија - Бугарски јазик - Бугарска литература - Бугарска култура Македонија - Македонски јазик - Македонска книжевност - Македонска култура Полска - Полски јазик - Полска литература - Полска култура Русија - Руски јазик - Руска литература - Руска култура Словачка - Словачки јазик - Словачка литература - Словачка култура Србија - Српски јазик - Српска литература - Српска култура Украина - Украински јазик - Украинска литература - Украинска култура Чешка - Чешки јазик - Чешка литература - Чешка култура

Словенски азбуки Белоруска азбука Бугарска азбука Македонска азбука Полска азбука Руска азбука Словачка азбука Српска азбука Украинска азбука Чешка азбука

Категорија:Словени