Тевет ()сефардски, јеменски, мизрашки: тебет, ашкенашки: тебес; од акадски: тебету) — четвртиот месец од граѓанскиот и десеттиот месец од верскиот еврејски календар. Следи по кислев и му претходни на шват. Ова е зимски месец со 29 дена. Обично се паѓа во декември–јануари според грегоријанскиот календар.

Грегоријанска Нова година Грегоријанската Нова година речиси секогаш се паѓа во тевет. Ретко се паѓа во околните два месеца (кислев или шват).

Празници во тевет 25 кислев - 2 тевет: Ханукаили 3 тевет, ако кислев е краток 10 тевет: Десетти тевет (Асара бетевет, Посен ден)

Тевет во еврејската историја 1 тевет (362 п.н.е.) — Естира станала царица на Персија.

Од библиската книга Естира, 2:16-17:

И беше земена Естира кај царот Ксеркс, во неговиот царски дом, во десеттиот месец, односно во месецот тевет, во седмата година од царувањето негово. Царот ја засака Естира повеќе од сите жени, и таа ја доби неговата благонаклоност и љубов повеќе од сите девојки; тој ѝ стави на главата царски венец и ја постави за царица на местото на Астина.

По шест години, Пурим се паднал на 13 и 14 адар од хебрејската година 3504 (356 п.н.е.).</small> 10 тевет (посен ден) - (587 п.н.е.) Опсада на Ерусалим

Наводи

Надворешни врски Овој месец во еврејската историја

Категорија:Месеци во еврејскиот календар