мини|Феба сликана од Касини Феба — неправилна месечина на Сатурн позната и по името Сатурн IX.

Феба била откриена во 1898 година од страна на Вилијам Хенри Пикеринг и до 2000 година се сметало дека е единствената надворешна месечина на Сатурн. Феба има долг орбитален период и се движи по многу закосена орбита - особеност на надворешните месечини. Орбитата на Феба е закосена за 175,3° и затоа се движи наназад (наназад во споредба со повеќето месечини). Половина од надворешните месечини се движат на овој начин. Феба е многу голема надворешна месечина; другите најчесто имаат пречник од само 20 километри. Снимките на „Касини“ покажуваат дека станува збор за тело богато со мраз, обвиткано со тенок слој од темен материјал.

Користена литература Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.

Надворешни врски Информации за Феба на официјалниот портал за истражување на Сончевиот Систем на НАСА

Категорија:Сатурнови месечини Категорија:Астрономски тела откриени во 1899 година Категорија:Неправилни месечини Категорија:Нордиска група Категорија:Астрономски тела откриени во 1898 година Категорија:Месечини со повратна орбита