Џевахир скај сити (разговорно познати како Кули Џевахир) — највисокиот комплекс во Скопје, но и на целата територија на Република Македонија. Изградбата на комплексот започнала во 2011, а била завршена во 2020 година.

Вложувач на овој проект била турската компанија Џевахир холдинг, низ неговата фирма-сателит —Турк-Мак.

Историја Според деталниот урбанистички план предвидено е да се градат три висококатници во општината Аеродром, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката. Дозволената височина, според планот, е до 500 метри, односно 126 ката. Треба да бидат обезбедени 3.167 паркинг-места за идните станари на облакодерите.

На јавно наддавање одржано на 14 мај 2010 година, во Министерството за транспорт и врски, „Турк мак“ за парцелата на која ќе се градат висококатниците, понудил цена од 4.700 денари за м2. Тоа било единствена понудена цена, иако на лицитацијата имало уште еден учесник кој не лицитирал ниту еднаш. Почетната цена била 4.600 денари за м2, при што била постигната вкупна цена од 1,6 милиони евра.Дневник , Турци ќе ги градат стокатниците во Аеродром, пребарано на 15 мај 2010г.

Парцелата на која биле изградени висококатниците, е со површина од 21.150 м2 и со површина на градење од 14.873 м2. Се наоѓа на слободниот просторот покрај булевар „Србија“, пред бензинската пумпа „Макоил“ (денес бензинска станица Окта) во насока на касарната „Гоце Делчев“. Изведувачот бил должен во рок од девет месеци од потпишувањето на договорот, да го стекне одобрението за градба, а во рок од шест години да ги изгради висококатниците.Утрински весник, Турци ќе го градат скопскиот Менхетен во Аеродром, пребарано на 15 мај 2010г.

Галерија

Наводи

Надворешни врски Службено мрежно место

Категорија:Згради и градби во Скопје Категорија:Аеродром (населба)