Фудбалски Клуб Динамо Киев е украински професионален фудбалски клуб со седиште во Киев. Основан е во 1927 година, како дел од Советскиот Спортски Клуб Динамо. Клубот во моментов игра во Украинската Премиер лига и важи за клуб кој никогаш не испаднал во понизок ранг на натпреварување. Нивниот дом е Олимпискиот стадион во Киев со капацитет од 70.050 места. Динамо е далеку најпопуларниот фудбалски клуб во Украина.Poll: 40% of Ukrainians consider themselves football supporters, most against idea of CIS league , Interfax-Ukraine (27 August 2013)

Од 1936 Динамо ја има поминато целата своја историја во најјаката лига на Советскиот Сојуз и подоцна Украинскиот фудбал. Своите најуспешни периоди се поврзани со Валериј Лобановски, кој бил тренер на тимот во текот на три мандати, водејќи ги до бројни домашни и европски титули. Динамо Киев стана единствениот Советскиот клуб надвор од Москва, кој успеал да ја надмине хегемонијата на клубовите со база во Москва во Првата лига на Советскиот Сојуз. Дербито помеѓу Спартак Москва и Динамо Киев станало едно од највозбудливите фудбалски соперништва во Советски Сојуз, кое речиси целосно го засенило Московското дерби меѓу Спартак и Динамо. Од крајот на 1960-тите клубот речиси секоја година (со неколку паузи) учествува во континентални натпревари.

Во текот на историјата Динамо Киев има освоено 27 национални титули (вклучувајќи ги и 13 во Првенството на Советскиот Сојуз), 20 Националниот купови (вклучувајќи и 9 во СССР), и 3 континентални наслови (вклучувајќи ги и двете титули во Купот на Победниците на Куповите). Заедно со Динамо Тбилиси, тие се единствените два Советски клубови кои успеале во УЕФА натпревари. Првиот тим на Динамо станал главен извор на играчи за Репрезентацијата на Советскиот Сојуз во 1970-тите и 1980-тите и за Репрезентацијата на Украина во 1990-тите и наваму. Двете ѕвезди на грбот на клубот означуваат по 10 домашни титули, колку клубот има освоено.

Историја Рана историја thumb|left|200px|Динамо Киев во 1928 На 13 мај 1927 статутот на Киевскoто Пролетерско Спортско Друштво (КПС) Динамо било официјално регистрирано од страна на посебна комисија за внатрешните работи на јавни организации и синдикатите во Киевската област. Спортското друштво Динамо било формирано во 1923 на иницијатива на Феликс Ѕержински. Под знамето на Динамо се собрале претставници на ГПУ (Државниот политички директорат, односно, Советската тајна полиција), најдобрите фудбалери кои застанале во одбрана на титулите на Синдикатскиот клуб "Совторгслужапчие"Sovtorgsluzhashchie at ukrsoccerhistory.com (кованица за Советската трговија на мало на воените лица). Сепак водството на Динамо не се осмелувало да го реорганизира добро-етаблираниот клубот и главен кандидат за титулата во средината на играчката сезона и затоа за првпат споменување на името Фудбалскиот клуб Динамо може да се најде на 5 април 1928 година во весникот на Руски јазик Вечерни Киев ("Киевска вечер").

Тогаш на иницијатива на Семен Западни, шефот на Киевскиот ГПУ, фудбалскиот тим беше создаден. Неговиот заменик, Сергеј Бармински, почнал да го формира тимот не само надвор од редовните чекист (членови на советската тајна полиција), но, исто така, фудбалерите на други клубови во градот. Сите фудбалери биле или се дел од консолидираните градски тимови или шампиони на градот. Новосоздадениот тим го одиграл својот прв официјален натпревар на 1 јули 1928 година како гостин на локалниот тим Бела Црква. Веќе во петтата минута момците на Динамо го отвориле резултатот во натпреварот, сепак на крајот тимот загубил со 1-2. На 15 јули градскиот весник на Бела Црква Radyanska Nyva("советски полиња") коментирал со следниве зборови:

Следниот натпревар Динамо го одиграл на 17 јули 1928 против друг Динамо од пристанишниот град Одеса. Како би добил повеќе искуство и играл на редовна основа, клубот започнал сè повеќе да го полни стадионот со гледачи што било од големо значење за самиот клуб но и за фудбалот да добие популарност во Советска Украина.

1929-1941 На 14 септември 1929, Динамо го одиграл својот прв меѓународен натпревар со работниот тим Долна Австрија "Deutsch Wagram", но го загубил со резултат 3:4. Во 1935, играчите на Динамо во акција за тимот на Украина патуваат во Франција и Белгија, каде во пријателски натпревар биле поразени од четирикратниот освојувач на Купот на Франција Ред Стар со 6-1. Во 1936 првенството на Советскиот Сојуз не било одиграно. Киевјани стекнале искуство играјќи во првенството на спортското друштво Динамо. Таму тие ги победиле "Динамо" од Одеса и Харков. Киевскиот тим бил јасно најсилен во Советска Украина, но на ниво на извонредност Динамо Москва сè уште не бил достигнат. На пример, во финалето на првенството Динамо 1933, московјаните победиле со 2-1.

thumb|300px|десно|Динамо на почетокот на првото првенство на СССР во 1936 година. Во 1936 во СССР одлучил да создаде едно првенство, наместо големиот број на различни турнири на повеќе нивоа. Претставникот на Украина станал еден од најсилните тимови во времето на СССР - Динамо Киев. Дебито во првенството се одржа во Киев на 24 мај 1936 година, кога Динамо Москва ги поразил домаќините со резултат од 5-1. Единствената гол на напаѓачот Микола Махинја бил првиот гол на украинскиот клуб во првенството на Советскиот Сојуз. Потоа Динамо се обидел да се израмни со московјаните, но не успеале. Украинскиот тим на крајот завршил само како втори. Локалните навивачи ја толкувале ова сезона како апсолутен успех.

Од 1936 до 1974 администратор на клубот бил Рафаел Фелдштеин, кој за ова време работел со 22 тренери.

Во 1937, првенство се играло со два меѓусебни натпревари (дома-гости), а Динамо повторно заработил медал, завршувајќи како трети веднаш зад двата тима од Москва Динамо и Спартак. Сепак, во очекување на Втората светска војна Динамо не успеал да ги повтори достигнувањата од првите две сезони во Советскиот фудбач. Сепак, во 1939 по Инвазијата на Полска од новозаробениот регион во клубот дошле многу нови играчи, вклучувајќи ги Александр Скоцен, Михајло Матијас, Казимиерз Гурски и Олег Лаевски.

Исто така во овој период, Динамо учествувал во ждрепката за купот на Советска Украина, освојувајќи го трофејот во 1936, 1937, 1938, 1944, 1946, 1947 и 1948 година.Ukrainian Football

Во периодот 1937-1941 година под Черепанова планина се градел новиот Републикански стадион. Отворањето на овој спортски комплекс било наменето за 22 јуни 1941 година. На овој стадион требало да се одигра натпреварот од фудбалското првенство помеѓу екипите на Динамо Москва и ЦДКА. Но, еден ден пред тоа започнала германско-советската војна и натпреварот бил откажан.

Фудбал во окупираниот Киев thumb|right|Постер од повратниот натпревар 22 јуни 1941, Германија го нападнала СССР. Во почетокот на војната повеќето од играчите биле земени во Црвената армија, на полицијата и разурнувачите на баталјони. На 1 јули дошло до евакуација на Киев. Но играчите на Динамо, кои биле предмет на регрутација останале во градот. Тренерот на Михајло Бутусов и поранешниот капитен на екипата Константин Шеготски се обиделе да го убедат шефот на киевскиот НКВД Лав Варнавски да ги испрати новите играчи- почетници во Западна Украина, но исто така и сите други членови на тимот. Варнавски покажал голем кукавичлук и одбил да им помогне со евакуација.

Откако нацистите ја окупирала Украина, екипата на Динама се вработила во градската пекарница, и започнале да играат фудбал рекреативно каде што можеле да играат. За време на окупацијата на Киев, тимот бил забележан од страна на Германците и биле поканети да игра против армиска екипа во натпревар во кој украинските играчите требало да настапат под името Старт. Во таа екипа учествувале 8 играчи на Динамо (Николај Трусевич, Михаил Путистин, Иван Кузменко, Макар Гончаренко, Федор Тјучев, Михаил Свиридовскиј, Николај Короткин и Алексиј Клименко), и 3 играчи на Локомотив од Киев (Владимир Балакин, Василиј Сукхарев и Михајил Мелник).

Во јули и август 1942 година Старт одиграл серија на натпревари против Германските војници и нивните сојузници. На 12 јули тимот на германската армија тим бил поразен. Армијата избрала уште посилен тим за следниот натпревар на 17 јули, во кој Старт победил со 6-0. На 19 јули на Старт го совладал и унгарскиот тим MSG Wal со 5-1. Унгарците предложиле реванш-натпревар, што се одржал на 26 јули, но биле поразени повторно со 3-2.

Изгледало дека екипата слабее па на 6 август Германците го пратиле својот непобедив тим Flakelf. Иако натпреварот широко бил најавуван во германските весниците, истите не напишале ништо за поразот на германскиот тим со 1-5. После победата и над Rukh со 8-0 на 16 август играчите биле уапсени од страна на Гестапо, мачени, и затворени во логорот Сирец. Николај Короткин еден од играчите го забубил животот како последица од тортурата што била извршена врз играчите. Во февруари 1943 при нападот на партизаните тројца играчи биле убиени. Гончаренко, Свиридовски и Тјучев успеале да побегнат.

Овој натпревар подоцна станал познат како "Натпревар на смртта". Приказната инспирирала три филма: унгарскиот филм-драма Два и пол пати во пеколот во 1961, американскиот филм Бегство до победата во 1981 година и во 2012 година рускиот филм натпревар.

1946-1961 Во почетокот на поствоените години, сите што останале во тимот веќе биле ветерани. Иако Динамо се проширил со целата група на луѓе од Карпатските клубови (В. Годничак, E. Јуст, З. Дерфи, З. Сенгетовски, М. Коман, Д.Товт итн.), тимот сепак не можел да се носи со други клубови кои остваруваат подобар резултат. Во 1945 година, Динамо го зазеле последното место во лигата и во 1946 според правилата требало да испадне и да се натпреварува во понизок ранг, но бил направен исклучок, заради загубите во војната. Покрај тоа, овие настани биле придружени со тренерската треска: од 1946 во 1951 година, клубот променил десет тренери.

Првиот успех во повоениот период дошол во 1947 година, кога Динамо го освоил 4.место.

Пресвртот дошол во сезоната 1951, кога на чело на тимот дошол Олег Ошенков. Тренерот создал нов тим изграден врз основа на млади играчи, добро воспоставени двојки, бил намален одморот за зимските празници, а во неговиот нов пристап и темелни тренинзи биле вклучени спорт, различни вежби, па дури и бокс. Веќе во следното првенство, кое се одржало во Москва, ова ги донело првите резултати. Динамо Киев се претворил во еден од фаворитите, освојувајќи сребрен медал заостанувајќи само за Спартак Москва.

Првата голема титула клубот ја освоил во 1954 победувајќи во Купот на СССР. На патот до финалето Киевскиот клуб ги победил Спартак Вилнус (4:2), Спартак Москва (3:1), ЦДКА (3:1 по продолженијата) и Зенит Ленинград (1: 0 по продолженијата). Во финалето во Москва на Стадионот Динамо, Киевјани играле против Спартак Ереван. Натпреварот се одржал во пороен дожд и магла, но во секој случај Динамо успеал да ги совлада противници и да го освои првиот наслов во Купот на СССР.ЛЕТОПИСЬ Акселя ВАРТАНЯНА. 1954 г. Часть пятая.

На 29 јули 1959 година Киев бил домаќин на меѓународен пријателски натпревар помеѓу Динамо Киев и Динамо Бакау, кој завршил со резултат 3-0.Інститут історії НАНУ: Цей день в історії

Во доцните 1950-ти години Динамо го обновил составот. Во клубот дошле Лемешко, Л. Острушко, E. Јуст, М. Романов, Јуриј Шевченко, В. Соболев. На првиот тим му се приклучиле и младинците Богачек, И. Секеч и славниот Валери Лобановски. Исто така за тренерот бил именуван минатогодишниот играч на ЦДКА Вјачеслав Соловјов. Сезона 1960 на Динамо Киев му донела "сребро" во лигата. thumb | right | 300px | Составот на Динамо Киев кој му ја донесе првата титула на клубот во првенството на СССР во 1961 година.