Основни судови со основна надлежност во Македонија — судови кои ја извршуваат судската власт на Македонија во прв степен. Овие судови за подрачјата за кои се основани, се надлежни да одлучуваат во прв степен по кривични дела и прекршоци.
Основни судови
Основните судови се основаат за следниве подрачја на општини:
Основен суд во Берово со седиште во градот Берово за подрачјето на општините: Берово и Пехчево; Основен суд во Битола со седиште во градот Битола за подрачјето на општините: Битола, Могила, Новаци и Демир Хисар, со судско одделение во градот Демир Хисар; Основен суд во Виница со седиште во градот Виница за подрачјето на општината Виница; Основен суд во Велес со седиште во градот Велес за подрачјето на општините: Велес, Градско и Чашка; Основен суд во Гевгелија со седиште во градот Гевгелија за подрачјето на општините: Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, со судско одделение во градот Валандово; Основен суд во Гостивар со седиште во градот Гостивар за подрачјето на општините: Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше; Основен суд во Дебар со седиште во градот Дебар за подрачјето на општините: Дебар и Центар Жупа; Основен суд во Делчево со седиште во градот Делчево за подрачјето на општините: Делчево и Македонска Каменица; Основен суд во Кавадарци со седиште во градот Кавадарци за подрачјето на општините: Кавадарци и Росоман; Основен суд во Кичево со седиште во градот Кичево за подрачјето на општините: Кичево, Пласница и Македонски Брод, со судско одделение во градот Македонски Брод; Основен суд во Кочани со седиште во градот Кочани за подрачјето на општините: Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево; Основен суд во Кратово со седиште во градот Кратово за подрачјето на општината Кратово; Основен суд во Крива Паланка со седиште во градот Крива Паланка за подрачјето на општините: Крива Паланка и Ранковце; Основен суд во Куманово со седиште во градот Куманово за подрачјето на општините: Куманово, Липково и Старо Нагоричане; Основен суд во Крушево со седиште во градот Крушево за подрачјето на општината Крушево; Основен суд во Неготино со седиште во градот Неготино за подрачјето на општините: Неготино и Демир Капија; Основен суд во Охрид со седиште во градот Охрид за подрачјето на општините: Охрид и Дебрца; Основен суд во Прилеп со седиште во градот Прилеп за подрачјето на општините: Прилеп, Долнени и Кривогаштани; Основен суд во Радовиш со седиште во градот Радовиш за подрачјето на општините: Радовиш и Конче; Основен суд во Ресен со седиште во градот Ресен за подрачјето на општината Ресен; Основен суд во Свети Николе со седиште во градот Свети Николе за подрачјето на општините: Свети Николе и Лозово; Основен кривичен суд Скопје во Скопје со седиште во градот Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново; Основен граѓански суд Скопје во Скопје со седиште во градот Скопје за подрачјето на општините: Центар, Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Чаир, Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Петровец, Илинден и Арачиново; Основен суд во Струга со седиште во градот Струга за подрачјето на општините: Струга и Вевчани; Основен суд во Струмица со седиште во градот Струмица за подрачјето на општините: Струмица, Василево, Босилово и Ново Село; Основен суд во Тетово со седиште во градот Тетово за подрачјето на општините: Тетово, Боговиње, Брвеница, Желино, Јегуновце и Теарце и Основен суд во Штип со седиште во градот Штип за подрачјето на општините: Штип, Карбинци и Пробиштип, со судско одделение во градот Пробиштип.
Судските одделенија на основните судови вршат надлежност на основниот суд за подрачјето на општината за кои е основано.
Наводи
Надворешни врски Страница на Министерството за правда
Категорија:Управување со Македонија Категорија:Македонско право Категорија:Судови