Ристе Пандев (р. 25 јануари 1994) — македонски атлетичар.

Резултати Пандев е роден на 25 јануари 1994 г. во с. Ново Коњарево, Струмичко. Во дисциплината спринт на 60 метри, личен рекорд на Пандев е 6,86 секунди.„Пандев и Ристеска на ЕП во сала“, Утрински весник, година XVI, број 4725, четврток, 5 март 2015, стр. 19. Меѓународни настапи На Европското првенство во атлетика, одржано во Цирих, во август 2014 година, Пандев го освоил 29 место во квалификациите на трката на 200 метри. Тој настапил во првата квалификациона група, каде бил осми (последен), со време од 21,96 секунди, т.е. за 31 стотинка послабо од неговиот личен рекорд, истрчан во јули 2014.„Пандев не го истрча својот најдобар резултат на ЕП“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 20.

Во март 2015 година, Пандев ја претставувал Македонија на Европското атлетско првенство во сала, кое се одржало во Прага, каде настапил на трката на 60 метри.

Наводи

Категорија:Македонски атлетичари Категорија:Македонски спринтери Категорија:Ново Коњарево Категорија:Родени во 1994 година