Тритау () — општина во округот Штормарн, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на 30 километри источно од Хамбург. Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

Тритау се наоѓа близу шумата Ханхајде. Реки во близина на Тритау се Ауе и Биле.

Историја

Селото Тритау потекнува од век. Било првпат споменато во 1239 година. Во тие времиња се наоѓало во близина на трговските патишта помеѓу Хамбург и Либек.

Тогаш, селото се делело на два дела, едниот составен од Сасите (Грос-Тритау), а другиот од Вагрите (Клајн-Тритау). Во 1326 година бил изграден замок за одбрана на областа и трговските патишта против витезите Скарпенберг од соседниот замок Линау.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Штормарн