„Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале“ — збирка епски народни песни посветени на Крале Марко, објавена во 1967 година од издавачкото претпријатие “Култура” од Скопје, во рамки на библиотеката „Детска радост“. Изворот и редакцијата на песните ги направил Јован Бошковски. Книгата била задолжителна лектира за учениците од петто и шесто одделение во основното образование.Јунак над јунаци, Култура, Скопје, 1967. Технички одлики Книгата е отпечатен во 1967 година, во печатницата „Киро Димитровски Дандаро“, во тираж од 20 000 примероци. Нацртот на корицата е дело на Димитар Кондовски, технички уредник бил Христо Христовски, лектурата ја извршила Лидија Ежова, а коректор бил Владо Георгиевски. Книгата има 90 страници.

Содржина Збирката содржи 16 епски народни песни за Крале Марко, како и поговор, со наслов „Марко Крале - јунак над јунаци“, напишан од Кирил Пенушлиски. Во книгата се застапени следниве песни: Марко и три наречници Волкашин и Марко Марко наоѓа Шарца крај езеро и си граби невеста Марко и Филип Маџарин Марко и Јуда самовила Марко и морска ламја Марко и Беле од Костур Немечка кралица и Марко Марко ја одменува свадбарината Марко и Корун разбојник Марко и цар Мурат Марко Крале и црна Арапина Марко, Арапин и Маркоица Марко ја губи јунаштината Марко и дете Дукадинче Марково исповедание

Наводи

Категорија:Македонски јуначки песни Категорија:Изданија на Култура Категорија:Песни за Крале Марко Категорија:Книги од 1967 година