алт=Руско-кавкаски фронт-1916 година|мини|Руско-кавкаски фронт-1916 година Бергманска офанзива — првиот конфликт во Кавкаскиот поход во времето на Првата светска војна. На чело на походот застанал рускиот командант Георги Бергман кој ја презел иницијативата против Отоманското Царство.
Конфликтот започнал на 2 ноември кога руските сили ја преминале границата и се упатиле кон градот Копрукој. Како одговор на тоа, османлиските сили одговориле со контраофанзива и руските сили биле спасени единствено поради доаѓање на засилување.
Борбите траеле до 16 ноември 1914 година . Русите претрпиле голем пораз со околу 40,000 жртви наспроти 14,000 османлиски. Овој успех бил охрабрувачки за османлиските водачи и Енвер Паша наредил напад на Сарикамиш.
Наводи
Категорија:Судири во 1914 година Категорија:Битки во Кавкаскиот поход Категорија:Битки на Отоманското Царство во Првата светска војна Категорија:Битки на Руската Империја во Првата светска војна Категорија:Историја на Ерменија