Ерменската револуционерна федерација е политичка партија која била основана во Тифлис (подоцна преименуван во Тбилиси) во 1890 година од Кристапор Микаелјан, Степан Зоријан и Симон Заваријан. Партијата функционирала во Ерменија и во други земји каде што постоеле компактни ерменски заедници - претежно во Либан и во Нагорно Карабах. Идеологијата на партијата е социјализам во комбинација со ерменски национализам. Спровела кампањи за признавање на ерменскиот геноцид како и за добивање на репарации. Во 1917 година одиграла важна улога за формирање на Демократска Република Ерменија која паднала под советска власт во 1920 година.
Наводи
Категорија:Политички партии во Отоманското Царство Категорија:Политички партии во Ерменија Категорија:Социјалистичка интернационала