Велимир Жерновски (, ) — македонски ликовен уметник.

Животопис Жерновски е роден во Скопје во 1981 година, каде што и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година. Работи цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација. Има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки. Од 2008 година е соосновач и претседател на Ф.Р.И.К. (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.

Наводи

Надворешни врски Профил Биографија

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски сликари