Сточен Пазар (Прилепска населба) "Сточен Пазар" е една од поновите населби во Прилеп и датира од 60-тите години на XX век. Името "Сточен Пазар" го добива по поранешниот сточен пазар кој се наоѓал на местото на денешниот (царински терминал) и индустриската зона (Прилеп 2)
Оваа населба брои од 1200 до 1300 жители, или околу 380 куќи и се протега во делот помеѓу железничката пруга и градската река.http://s9.postimg.org/rb3h56q0f/398074_238760936195845_389461346_n.jpg
Населбата Сточен Пазар има само 4 (четири) улици со нивните краци.
ул. Трајко Николоски (која се протега од ул. Александар Македонски до Крушевско Џаде) ул. Осоговска (која е најголема се протега низ средината на населбата) ул. Бистра Планина (се протега помеѓу ул. Осоговска и градската река) ул. Кордун (старо име - Карпошово Востание)(се протега помеѓу ул. Осоговска и железничката пруга)
Жителите во ова маало потекнуваат претежно од места помеѓу поранешна Општина Тополчани и поранешна Општина Витолиште, а како нај застапени се жителите на с.Бонче и с.Марул со околу 80% од вкупното население. Наводи
Категорија:Населби и маала во Прилеп