Парга (грчки: Πάργα) е град во Грција, во областа Епир. Парга припаѓа на округот Превеза во рамките на периферијата Епир. Денес Парга е прочуена како најпознато летувалиште на брегот на Епир. Во 2011, бројот на населението во општината изнесува 11.866, додека пак во самиот град населението е 2.415.
Географска положба Парга се наоѓа во приморскиот дел на Епир, оддалечена околу 60 км југозападно од Јанина, главниот град на оваа област. Градот е сместен во мал залив на Јонското Море.
Население На последните три пописи движењето на населението во Парга е следно:
Година Град Промена Општина 1981 1.892 - - 1991 1.699 -193/-10,20% 3.569 2001 2.022 +323/+19,00% 3.846
Поврзано Превеза (округ) Епир (област)
Надворешни врски www.parga.gr Официјална страница на општината
Категорија:Епир Категорија:Градови во Грција Категорија:Грција Категорија:Чамерија