Бајрам-паша (починал во Шанлаурфа) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 1637 до 1638 година.

Роден е во градот Ладик, близу анадолскиот град Самсун и бил член на јаничарскиот корпус. Иако јаничарите главно се регрутирале во почетокот од христијанските територии, во времето на Мурат III започнало со регрутирање и на муслимански деца. Во 1625 година станал управител на Египет, а во 1635 станал кајмакам (градоначалник) на Цариград. Во 1637 година станал Голем везир и учествувал во заземањето на Багдад. Починал од природна смрт.

Според османлиската традиција, ќерките и сестрите на султанот се мажеле за везирите но Бајрам бил исклучок бидејќи бил во брак со Ханзаде, сестрата на Осман II а Мурат IV не му наредил нов брак. Инаку Бајрам-паша бил познат по изградба на јавни установи. Тој ги зацврстил ѕидините на градот а денеска областа Бајрампаша во Фатих е наречена според него. Тој е познат и по тоа што го наредил погубувањето на познатиот поет Нефи поради пишувањето на сатирични песни.

Основач на Крива Паланка Бајрам-паша се смета за основач на Крива Паланка (тогаш тврдина Егри Дере). Отпрвин имала стратешка одбранбена функција за кородорот Цариград - Дубровник и решение против своеволието на месните властелини и од нив произлезените бунтови. Воедно се изградени анови, џамија и карван-сараи, со што потоа се појавила голема населба со развиено занаетчиство и рударство.

Наводи

Категорија:Големи везири на Отоманското Царство од 17 век Категорија:Паши Категорија:Отомански Турци Категорија:Отомански управители на Египет Категорија:Дамат Категорија:Родени во непозната година