Теалогија (неологизам кој потекнува од старогрчкиот θεά што значи "Божица" и λόγος што значи "студија на") — дискурс со кои се одразува врз значењето на Божицата (Теа) за разлика од Богот (Тео).Raphael, Melissa. "Thealogy." Encyclopedia of Religion. Ed. Lindsay Jones. 2nd ed. Vol. 13. Detroit: Macmillan Reference USA, 2005. 9098-9101. Gale Virtual Reference Library. Web. 6 Dec. 2012. "In 1979 Naomi Goldenberg first used the word thealogy to denote feminist discourse on the Goddess (thea) rather than God (theo)." Таа е проучување и размислување за женското божествено од феминистичка перспектива.
Теалогијата се разликува од феминистичката теологија, која е проучувањето на Бога од феминистичка перспектива, но двете полиња можат да се видат како поврзани и меѓусебно зависни.
Историјата на терминот Потеклото на терминот и првичната употреба е отворено за дебата, и дефиницијата и обемот на теалогијата се дефинирани од страна на клучните научници во оваа област. Често припишуван неологизам измислен од страна на Исак Бонеуитс во 1974 година, Патриша Јолана смета дека почетокот на користењето на терминот е во 1976 година кредитирајќи ги и Бонеуитс и Валери Сајвинг за почетната употреба.
Во 1979 во "Менувањето на боговите" Наоми Голденберг го воведува терминот како идна можност во однос на различни дискурси, истакнувајќи ја машката природа на теологијата. Исто така во 1979 година, во првото ревидирано издание на "Вистинска Магија" Бонеуитс ја дефинирал "теалогија" во својот речник како "интелектуални шпекулации во врска со природата на Божицата и нејзините односи кон светот воопшто и луѓето особено, рационални објаснувања на религиозните доктрини, навики и верувања, кои можат да сносат поврзувања со било која религија како што се конципира и се практикува од страна на мнозинството на своите членови." Исто така, во истиот речник, тој ја дефинирал "теологија", со речиси идентични зборови, променувајќи ги женските заменки во машки заменки соодветно.
Керол П. Христ го користела терминот во "Смеата на Афродита" (1987), признавајќи дека оние кои ја создаваат теалогијата не можат да го избегнат влијанието на категориите и прашањата поставени во христијанските и еврејските теологии. Таа ја дефинирана теалогијата во 2002 во нејзиниот есеј "Феминистичка теологија како пост-традиционална теалогија", како "размислување за значењето на божицата".
Во 1989 во својот есеј "За огледала, магла и мрмори: Кон азиско-американска теалогија", Рита Накашима Брок ја дефинирала теалогијата како "дело на жени размислувајќи за своите искуства и верувања за божествената реалност". Исто така во 1989 година, Урсула Кинг ја нотира растечката употребата на теалогијата како фундаментално напуштање на традиционалната машко-ориентирана теологија, карактеризирана со своето привилегирање на симболи наместо рационално објаснување.
Во 1993 година, дефиницијата за теалогијата на Шарлот Карон како "одраз на божественото во женски и феминистички услови" се појави во "Да се направи и направи повторно". Во тоа време, концептот доби значителен статус меѓу приврзаниците на движењето на Божицата.
Теалогија како академска дисциплина Терминот укажува на феминистички пристап кон теизмот и контекстот на Богот и полот во Паганството, Неопаганството и разни религии засновани на природата. Сепак, тој исто така се користи од страна на феминистките за монотеистички религии за да се опише во повеќе детали женскиот аспект на монотеистичкото божество или тројство.Raphael, Melissa. "Thealogy." Encyclopedia of Religion. Ed. Lindsay Jones. 2nd ed. Vol. 13. Detroit: Macmillan Reference USA, 2005. 9098-9101. Gale Virtual Reference Library. Web. 6 Dec. 2012. "There are those on the gynocentric or woman-centered left of Jewish and Christian feminism who would want to term themselves theo/alogians because they find the vestiges of the Goddess or "God-She" within their own traditions as Hochmah, Shekhinah, Sophia, and other "female faces" of the divine."
Во 2007, Пол Рид-Боуен го напишал текстот ''"Божицата како природата: Кон филозофска теалогија", кој може да се смета како уште еден систематски пристап кон теалогијата, но кој го интегрира филозофскиот дискурс.
Наводи
Категорија:Феминизам Категорија:Религија Категорија:Постмодерна теорија