Баклава () — вид многу сладок десерт. Баклавата всушност претставува слатка пита што може да има и до 70 тенки кори. Таа потекнува од просторите на поранешното Отоманско Царство и денес се приготвува во земјите наследнички. Оттука, десертот се среќава во македонската, црногорската, босанската, српската, бугарската, грчката и турската кујна. Баклавата во минатото се приготвувала исклучиво во домаќинствата или слаткарниците, но денес може да се најде и во продавници и самопослуги како полуиндустриски производ.
Потекло на поимот Историчарот Паул Д. Буел тврди дека поимот „баклава“ најверојатно потекнува од монголскиот збор „бајла-“ со значење „врзува, обвиткува“ и туркискиот глаголски завршеток „-в“;.Paul D. Buell, "Mongol Empire and Turkicization: The Evidence of Food and Foodways", p. 200ff, in Amitai-Preiss, 1999. всушност, зборот „бајла-“ се среќава во туркиските јазици како позајмен збор. Ерменскиот јазичар Севан Нишанјан смета дека најстарите називи на десертот биле „баклаги“ и „баклагу“ потекнувааат од времето пред 1500 година и имаат пратурско потекло.Nişanyan, Sevan (2009) (in Turkish). Sözlerin Soyağacı - Çağdaş Türkçenin Etimolojik Sözlüğü [Words' Family Tree - An Etymological Dictionary of Contemporary Turkish]. İstanbul. http://nisanyansozluk.com/?k=baklava. Друг облик на поимот исто така се среќава и во персискиот јазик како „баклаба“ (). Иако наставката „-ва“ укажува на можно персиско потекло,Batmanglij, Najmieh, A Taste of Persia: An Introduction to Persian Cooking, I.B.Tauris, 2007, , 9781845114374. стр. 156.Marks, Gil, Encyclopedia of Jewish Food, John Wiley and Sons, 2010, , ; page 38. делот „бакла-“ не е персиски и неговото потекло останува неразјаснето.W. Eilers, Encyclopædia Iranica, s.v. 'bāqlavā'
Арапскиот назив „баклава“ () веројатно потекнува од турскиот јазик.Akın and Lambraki, Turkish and Greek Cuisine / p. 248-249,
Историја Историјата на баклавата не е доволно документирана, но нејзиниот денешен облик се претпоставува дека се појавил во царските кујни на Топкапи-сарај во Истанбул.Perry 1994, 87. Султанот ги послужувал јаничарите со баклава секој 15. ден од рамазанскиот пост на свеченост наречена „баклавска поворка“ ().
Постојат три предлози за предотоманско потекло на баклавата: римската плацентна торта којашто била застапена во византиската кујна,Patrick Faas (2003). Around the Roman Table: Food and Feasting in Ancient Rome. Chicago: University of Chicago Press. стр. 185f. средноазиската турска традиција на приготвување повеќеслоести лебовиPerry, Charles. "The Taste for Layered Bread among the Nomadic Turks and the Central Asian Origins of Baklava", in A Taste of Thyme: Culinary Cultures of the Middle East (ed. Sami Zubaida, Richard Tapper), 1994. , page 87 и персиското јадење „лаузаинак“.
Подготовка мини|десно|160п|Плехови со баклава Баклавата обично се приготвува во големи плехови. Во плехот се поставуваат повеќе слоеви на кори кои се раздвоени со растопен путер и растително масло. Слој од ситно сецкани ореви (понекогаш и лешници или ф'стаци) се поставува на врвот, а потоа истиот се покрива со повеќе слоеви на кори. Најголемиот број рецепти се состојат од повеќе слоеви на кори и ореви, иако кај некои се среќава само по еден слој ореви меѓу два дела од кори.
Пред печење на температура од 180 °C во времетраење од 30 минути, тестото се расекува на повеќе парчиња, кои најчесто се во облик на паралелограм, триаголник, делтоид, правоаголник или квадрат. По печењето, баклавата се посипува со сируп од мед, розова или портокалова вода и се остава течноста да ја впие.
Баклавата обично се послужува на собна температура со парчиња јаткасти плодови.
Галерија
Поврзано Кори Тулумба Кадаиф
Наводи
Надворешни врски Рецепт за турска баклава — Крстарица Рецепт за турска баклава — Балканска кујна Рецепт за баклава — Рецепти
Категорија:Храна Категорија:Македонска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Слатки Категорија:Десерти Категорија:Турцизми