Јенс Фогт (; р. во ) — поранешен германски професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 1997-2014 година. Фогт е познат по неговата склоност за напаѓање и по неговата позитивност кон возењето. Способен е за последователни напади, одржувајќи високо темпо и одвојувајќи се од групата. Ја носел жолтата маичка на Тур де Франс двапати, иако никогаш не се борел за генералниот пласман поради неговиот недостиг на вештини во планините. Тој се смета за еден од најдобрите универзални возачи до денес. Во септември 2014 година поставил нов часовен рекорд пред да се повлече од велосипедизмот. Рекордот бил срушен од Матијас Брендле на 30 октомври истата година.

Фогт е општо омилен меѓу велосипедските обожаватели, поради неговиот борбен возачки стил и неговиот пријатен, искрен и добро искажан стил во справувањето со јавноста и медиумите. Течно говори француски и англиски јазик, покрај неговиот мајчин германски јазик.

Личен живот

Фогт и неговата сопруга Стефани имаат шест деца, најмладото од нив е родено во јануари 2011 година. Живеат во Берлин, Германија.

Животопис Детство и рана младост

Фогт е роден во Гревесмилен, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, во некогашната Источна Германија, во истата покраина како и победникот на Тур де Франс Јан Улрих. Фогт бил охрабрен од неговите родители да учествува во спорт, откако често имал проблеми како младинец благодарение на неговата прекумерна енергија. Неговите рани резултати покажале дека имал голем потенцијал за издржливост и откако се приклучил на националната спортска школа на 14 години, започнал да тренира велосипедизам.

Почеток на кариерата

Ја освоил Мировната трка во 1994 година и се искачил на врвот на пласманот во „аматерскиот предизвик“ на UCI во декември 1994 година.Mogens Jacobsen, "Topplacering til verdensmester", Politiken, 2 декември 1994 По четиригодишен престој во Германската армија, поголемиот дел од времето поминато во специјалната спортска единица, започнал со професионален велосипедизам во 1997 година, освојувајќи трки за австралиската екипа Џајант-АИС Сајклинг Тим.

Во 1998 година, со поддршка на поранешниот спортски директор на АИС, Германецот Хајко Залцведел се преселил во француската екипа (која станала ) каде поминал пет години, постигнувајќи 20 победи, а помеѓу нив било и носењето еден ден на жолтата маичка на Тур де Франс 2001. Фогт му помогнал во победата на Јан Улрих за германската репрезентација на Олимпијадата 2000 година.

2004

Во 2004 година, Фогт му се приклучил на поранешниот колега од Кредит Агрикол Боби Џулич со префрлањето во , тогаш позната како Саксо Банк. Како специјалисти за темпо, биле силен двоец кој преовладувал на трката ЛуК Челинџ 2004 и 2005, хронометар на двајца.

Фогт возел на Тур де Франс 2004 за предводникот на Тим ЦСЦ Иван Басо. Фогт и колегата Јакоб Пил биле често во бегства, покривајќи го одвојувањето за ЦСЦ. На 15. етапа, Фогт бил во бегство откако Улрих нападнал на Кол де л’Ешарасон, оставајќи го предводникот на трката Ленс Армстронг и второпласираниот Басо. Бидејќи екипата на Армстрон не можела да го врати Улрих, на Фогт му било наредено да се врати назад и да му помогне на Басо во одбраната на второто место. Фогт го видел Улрих како го поминува чекајќи го неговиот предводник, пред самиот да ја достигне разликата до Улрих. Следниот ден бил хронометарот до Алп д’Ез со 900.000 гледачи на патот. Фогт бил опсипан од германските обожаватели нарекувајќи го Јуда поради неговите напори да ги униште шансите на сонародникот Улрих. Фогт го критикувал телевизискиот канал АРД за започнувањето лов на вештерки против него и истакнал дека тој е платен од Тим ЦСЦ, не Германија и дека благодарение на неговата помош, Улрих го освоил олимпискиот златен медал во 2000 година.Фогт се брани, CyclingNews.com, 22 јули 2004

2005

На почетокот на 2005 година, Фогт ја освоил Средоземната трка, пред колегите Френк Шлек (2. место) и Ники Серенсен (4. место). Фогт го освоил првиот настан од UCI ProTour, прологот на трката Париз-Ница 2005, на која победил Џулич. Фогт скоро го освоил класикот Лиеж-Бастон-Лиеж 2005, кога бил поразен на целта од Александар Винокуров, иако Фогт бил во бегство цело време.

мини|лево|Фогт (напред) на Тур де Франс 2005; го имал водството на трката на еден ден, по деветтата етапа.

Откако имал силен пласман на првата етапа на Тур де Франс 2005, Фогт доцнел зад предводникот на трката Армстронг само една минута и се обидел да го преземе водството. Преземал бројни напади и на 9. етапа, пред првиот ден за одмор, конечно успеал да се одвои и да стигне до целта. Завршил трет, 3 минути пред Армстронг. Меѓутоа, времето на Фогт во жолтата маичка било кратко, откако добил треска и не успеал да ја заврши етапата 11. Фогт ја завршил сезоната 2005 како 29. возач на поединечните пласман на UCI ProTour 2005. 2006

мини|Фогт на Стер Електротур 2006; го имал водството на трката по втората етапа, пред да заврши 10. на крајот.

Сезоната 2006 започнала со побавно темпо за Фогт споредено со 2005 со цел да зачува енергија и да биде во положба да му помогне на Басо во неговата потера да победи на трките Џиро д’Италија 2006 и Тур де Франс 2006.Јенс Фогт верува во двојниот успех на Басо , DailyPeloton.com, 29 април 2006 Негов единствен резултат до Џиро во мај бил нападот на петтата етапа на Трката околу Баскија, но морал да се помори со второто место зад етапниот победник Тома Веклер.

На Џиро д’Италија возел како поддршка на Басо. По победата на Тим ЦСЦ на екипниот хронометар на петтата етапа, Фогт се нашол на второто место, доцнејќи зад предводникот на трката Сергиј Гончар шест секунди. Во текот на првите планини, Фогт му помогнал на Басо да го преземе водството, додека тој паднал во пласманот и завршил на 37. место. На планинската етапа 19, Фогт и Џулич биле во бегство од 20 членови, но бидејќи Тим ЦСЦ ја предводела главната група како одбрана на првото место на Басо, Фогт и Џулич не работеле. До последното искачување, Фогт бил сам со шпанскиот возач Хуан Мануел Гарате, но бидејќи Фогт мислел дека не сработил доволно да ја заслужи победата, му допуштил на Гарате да победи.Антони Тан и Тим Малони, Гарате го игра своето вертикално карате, CyclingNews.com, 26 мај 2006 Фогт конечно ја остварил својата прва победа во сезоната на Стер Електротур во јуни. Ја освоил четвртата етапа и му помогнал на колегата Курт Асле Арвесен да победи на трката, две недели пред Тур де Франс.

мини|лево|Фогт на Трката околу Германија 2006, носејќи ја водечката маичка.

Деновите пред Тур, Басо бил суспендиран од Тим ЦСЦ откако неговото име се појавило во истрагата за допинг „Операција Пуерто“. Карлос Састре станал екипен предводник. Фогт ја преземал улогата на ран напаѓач и бил дел од неколку неуспешни бегства на неколку етапи. На етапата 13, најдолгата етапа на Тур 2006 со 231 километар, Фогт бил дел од петочлено бегство, кои завршиле 29 минути и 58 секунди пред главната група. На целта, Фогт го претекнал Оскар Переиро за своја втора етапна победа на Тур. На етапата 15, Фогт му помогнал на Френк Шлек, влечејќи го во бегство со колегата Дејвид Забриски од САД, што на крајот му донело победа на Шлек. Фогт завршил на Тур 2006 на 53. место, помагајќи му на Састре да заврши на 4. место.

2007

Во февруари 2007 година, Фогт ја освоил третата етапа на Трката околу Калифорнија, која имала бројни искачувања. Откако групата ги достигнала 17. бегалци, Леви Лајпхајмер од нападнал и само Крис Хорнер () и Фогт успеале да го следат. На крајот, Фогт преовладал во спринтот пред двајцата велосипедисти и му се доближил на само три секунди на Лајпхајмер во генералниот пласман благодарение на временските бонуси. Успеал да се одржи на неговото второ место во генералниот пласман на следните четири етапи, завршувајќи 21 секунда зад победникот на трката, Лајпхајмер. Во април остварил уште еден успех на Критериум Интернасионал, освојувајќи го генералниот пласман и втората етапа. Фогт нападнал на 25 километри пред целта и ја поминал целната линија сам, 48 секунди пред останатите. Последната етапа на трката бил краток поединечен хронометар од 8,3 километри, кој бил возен попладнето истиот ден и Фогт изјавил дека дал сè од себе, но бил многу внимателен при кривините. Завршил седми, задржувајќи ја водечката маичка и ја освоил трката, додека Швеѓанецот Томас Левквист од го освоил второто место. Друга поголема победа во сезоната 2007 била на Трката околу Германија, која ја освоил втора година по ред, а Леви Лајпхајмер го зазел второто место со разлика од 1'57", а Давид Лопес Гарсија од го заокружил подиумот. Фогт изјавил дека победата била потешка да се оствари од претходната година и дека дошла делумно како изненадување.

2008

мини|upright|Фогт на Трката околу Калифорнија 2008; настапил на трката и покрај падот при тренирање една недела претходно.

Јенс Фогт ја започнал неговата сезона со учество на Париз-Ница и Трката околу Калифорнија, каде не постигнал големи лични резултати. Во март, Фогт го остварил четвртиот успех на кратката етапна трка Критериум Интернасионал, забележувајќи победа на втората етапа на трката. Друг успех постигнал на етапата 18 на Џиро д’Италија. Бил дел од групата која се одвоила од главната група на шест километри по почетокот на трката. На 36 километри пред целта и шестминутно водство, Фогт го напуштил бегството и сам се упатил кон целта и победа во Варезе. Во јуни бил на петтото место на националното друмско првенство и на шестото место на националното хронометарско првенство. Одиграл голема улога за неговата екипа на екипните успеси на Тур де Франс, заштитувајќи го предводникот Карлос Састре, кој ја освоил осумнаесеттата етапа на искачувањето Алп д’Ез. Пред одлучувачката етапа, екипата се соочила со тројна закана откако предводниците за генералниот пласман се одвоиле, со браќата Шлек, кои сепак завршиле четврти и шести на оваа планинска етапа. Састре победил на Тур, а екипата ЦСЦ го освоила екипниот пласман. Фогт бил избран да ја претставува Германија на Летните олимписки игри 2008 заедно со Фабијан Вегман, Гералд Чолек, Берт Грабш и Штефан Шумахер. Учествувал на друмската трка, на која не успеал да заврши. Потоа учествувал на Трката околу Полска, освојувајќи поединечна етапа и помагајќи ѝ на екипата да го освои екипниот хронометар на трката. Наведувајќи ја долгата и истоштувачка сезона, Фогт се откажал од учеството на Светското друмско првенство, одлука која неговата екипа ја поддржала.

2009

Фогт ја започнал сезоната добро со победа на Критериум Интернасионал по петти пат во неговата кариера, изедначувајќи се со рекордот на Французинот Рајмон Пулидор, притоа освојувајќи етапна победа, како и бодовниот и планинскиот пласман. Го напуштил Тур 2009 на 21 јули 2009 година како последица на страшен пад при спуст од Кол ду Пети Сен Бернар со групата на жолтата маичка во текот на шеснаесеттата етапа. Се здобил со фрактура на десната јаболчница и потрес на мозок.Ендру Худ, Фогт се опоравува во Гренобл , VeloNews, 21 јули 2009. Морал да пропуштил неколку трки за да се опорави од неговите повреди, вклучувајќи го Светското друмско првенство. Не бил активен шест месеци и се вратил на Трката околу Мисури, каде бил одлично поздравен од велосипедските обожаватели.

2010