мини|Изглед на добиточниот пазар (Ат-пазар) во Јанина. 1898. Фотографирано од браќата Манаки мини|Панорамски поглед кон Јанина Јанина или Јанино () — главен и најголем град на областа Епир, северозападна Грција. Има население од 65.574 жители (2011). Се наоѓа на надморска височина од околу 500 метри, на западниот брег на Јанинско Езеро, или на грчки: Памвотис (Παμβώτις). Се наоѓа во рамките на општината Јанина, и е главен град на округот Јанина и областа Епир. Јанина се наоѓа 450 км северозападно од Атина, 290 километри југозападно од Солун и 80 км источно од пристаништето Игуменица на Јонското Море.
Име Формално име на градот, Јанина значи „Јовановград“. Постојат две форми на грчки, Ιωάννινα да биде формалнo и историско име, а почесто се користи Γιάννινα и ја претставува модерната форма на грчки јазик. Оваа форма одговара и во соседните јазици (на пример , , ).
Клима Јанина од страна на нејзината внатрешност и височина има средоземна клима. Летата се обично топли и суви, а зимите се влажни и постудени отколку на брегот. Јанина е највлажен град во Грција. Максималната температура забележана некогаш беше 42,4 °C, додека апсолутниот минимум е -13 °C.
Спорт Јанина е дом на голем спортски тим наречен ПАС Јанина, кој е застапен во грчката Суперлига. Тој е инспирација за многу од старите, како и нови поддржувачи на целиот регион на Епир, па дури и надвор од Јанина.
Сообраќај Во Јанина се наоѓа аеродром. Автопатот „Егнатија“, (дел од Е90 минува низ Јанина) кој го поврзува западниот брег и пристаништето Игуменица со турската граница. Морски линии со мали авион од Јанинското Езеро до Крф. Автобуси на долги релации кои патуваат секојдневно до Атина (6-6,5 часа) и Солун (3 часа).
Население 1981: 44.829 1991: 56.699 2001: 61.629 2011: 65.574
Наводи
Надворешни врски Туристичка страница Општина Јанина Вести и настани за градот Фотогалерија на градот
Категорија:Градови во Грција Категорија:Населени места во Јанина (округ)