Драма () — округ во Егејска Македонија, денес дел од областа Источна Македонија и Тракија во Грција. Административен центар е градот Драма. Подрачјето на округот се приближно совпаѓа со она што традиционално го нарекуваме „Драмско“. Ова е најсеверниот округ во Егејска Македонија и еден од двата најисточни (другиот е Кавала). На север се граничи со Пиринска Македонија и Смољанската област во Бугарија. Таа граница ја образуваат Родопите.

Географија Округот е прилично планински. Во него се наоѓа дел од Славјанка (Алиботуш или Орвилос) на северозапад, Сминица (Меникио) во западниот дел и Боздаг (Фалакро) во североисточниот. Реката Места (Нестос) го сече округот од север кон исток. Во северниот дел кон Смољанската област е сместена шумата Карадере (Елатија), каде преовладува обичната смрча (Picea abies), белиот бор (Pinus sylvestris), црниот бор (Pinus nigra) и балканската бука (Fagus moesiaca). Шумарството во овој крај е мошне развиено, претежно за добивање на дрвена граѓа. Типични живот ни за Карадере се кафеавата мечка (Ursus arctos), големиот тетреб (Tetrao urogallus) и лештарката (Bonasa bonasia).

Административно, округот Драма се граничи со окрузите Скеча (Ксанти) на исток, Кавала на југ, Сер на југозапад и запад и Пиринска Македонија (Благоевградска област) и Смољанската област во Бугарија на север. Јужните и западните делови на округот се претежно прекриени со земјоделска површина.

Општини Округот Драма се дели на 5 општини. Тие се следниве (означени со бројки во инфокутијата):

Бук (Паранести) (4) Доксат (Доксато) (2) Драма (1) Неврокоп (Като Неврокопи) (3) Просечен (Просоцани) (5)

Демографија Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во овој округ, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во овој округ Македонците живеат во околу 28 населени места и сочинуваат околу 16% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 16.000 Македонци.

Поврзано Драматица Драмско Поле Носии од Драма Драмско-серски дијалект Драмско востание Список на села во Драма

Наводи

Надворешни врски Портал на округот Драма

Категорија:Окрузи во Егејска Македонија Категорија:Окрузи во Грција