Каваклија или Кавакли (, Левконас; до 1928 г. Καβακλή, Кавакли) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци, а денес тие се околу половина од населението.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, на 5 км северозападно од градот Сер.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Каваклија било чисто македонско село во Серската Каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Кавакли (Kavakli) имало 27 домаќинства сочинети од 80 жители Македонци.

Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година в Кавакли има 270 жители Македонци христијани.

Сето население на Каваклија биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кавакли (Kavakli) живееле 328 Македонци патријаршисти. Во селото работело грчко основно училиште со 1 учител и 14 ученици.

Во 1908-1912 г. во Долна Каваклија е изграден гробишниот храм „Успение на пресв. Богородица“.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 462 жители, кои во 1920 г. се намалиле на 410. Сосема мал број семејства се иселиле во Бугарија под притисок на грчката власт, но во селото сепак биле доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е преименувано во Левкон. На пописот од таа година Каваклија е заведено како етнички мешано село со 1.514 жители од кои 755 биле дојденци (198 семејства), а остатокот македонски мештани. Владата на дојденците им изградила нови куќи.

Црквата „Св. Ѓорѓи“ в Горно Каваклия е от първата половина на XX век.

+ Месности во Каваклија преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Хаџика Χατζίκα Хаѕедејка Χατζεδαίϊκαмесност на ЈЗ од Каваклија Полјанка Παλιάγκα Гемато Γεμάτοвозвишение на Шарлија на СЗ од Каваклија (127 м) Долно Престо Κάτω Πρέστο Палами Παλάμηвозвишение на Шарлија на С од Каваклија (244 м) Кавакли Καβακλή Левки Корифи Λευκή Κορυφήвозвишение на Шарлија на СИ од Каваклија (324,9 м) Рахово Ράχοβο Рахи Висанис Ράχη Βήσανηςмесност на Шарлија на ССИ од Каваклија Кизил Јар Κιζίλ Γιάρ Ериторема Έρυθρόρεμαрека во Шарлија на СИ од Каваклија Ќучук Али Κουτσούκ Άλή Мега Рема Μέγα Ρέμαреката од Шарлија која минува низ Каваклија

Население

Културни и природни знаменитости Црква „Успение на Пресвета Богородица“ од 1912 г. Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1920-тите

Наводи

Категорија:Сер (општина)