На крстопат е американски филм во режија на Шон Пен. Главните улоги ги толкуваат: Џек Николсон, Анџелика Хјустон и Дејвид Морс.

Содржина По шест години поминати в затвор поради убиство од невнимание, Џејмс Бот е пуштен на слобода. Фреди Гејл, таткото на убиената девојка, се заколнува дека ќе се одмазди за убиството на својата ќерка. Неговата сопруга го напуштила поради неверство, а Фреди се оддава на алкохол и кратки љубовни авантури. Конечно, доаѓа денот кога Џејмс се соочува со Фреди, кој му дава три слободни дена на Џејмс, пред да му се одмазди.Антена, број 831, 30.5.2014, стр. 15.

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Шон Пен Категорија:Филмови со Џек Николсон Категорија:Филмови со Анџелика Хјустон Категорија:Филмови од 1995 година