Руски Метох, денес наречен Калитеја (; до 1925 г. Μετόχι Ρωσσικό; подоцна Νέα Φλογιτά, Неја Флогита)Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Μετόχιον Ρωσσικόν - Νέα Φλογιτά — село во Егејска Македонија, Република Грција и познато туристичко место на Касандра, првиот крак на Халкидик. Се наоѓа на источниот брег на кракот на околу 85 километри оддалеченост од Солун. Едно е од најпосетуваните места за Македонците кои летуваат во Грција. Населението брои 779 жители.

Како што укажува изворното име, ова место порано било метох (посед) на рускиот манастир „Св. Пантелејмон“ на Света Гора. Селото е основано во 1925 г. од грчки доселеници од Турција.

Наводи

Категорија:Касандра (општина)