Додеканези или Додекани (грчки: Δωδεκάνησα) е островска група во југоисточниот краен дел на Егејско Море, прилично оддалечени од копнениот дел на Грција во близина на егејскиот брег на Турција. Групата се состои од околу 160 острови, од кои 12 поголеми и позначајни. Најголем и најважен град е Родос кој се наоѓа на истоимениот остров Родос. Зафаќаат површина од 2.714 км2 и население од над 200.000. Најголемите острови се:

Астипалеја Калимнос Карпатос Касос Кос Лерос Мегисти Нисирос Патмос Родос Сими Тилос

Категорија:Архипелази во Грција Категорија:Архипелази во Средоземното Море