Горно Граматиково или Колиби (, Ано Граматико; до 1927 г. Άνω Γραμματίκοβο, Ано Граматиково;Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Άνω Γραμματίκοβον - Άνω Γραμματικόν ) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 11 жители (2011).

Географија и местоположба Селото се ноѓа 20 км јужно од гратчето Острово, во пазувите на планината Каракамен, на надморска височина од 1.160 м.

Историја Во минатото ова била чисто македонска населба, но истото настрадало во Негушкото востание (1812) и било разнебитено. Селото е подигнато многу подоцна од Власи сточари, кои дошле од Епир и местото станало познато како Колиби.Селото се води во грчката статистика под името Колиби заклучно со пописот од 1920 г., а потоа го повраќа старото име. (Симовски, стр. 47) Највеќето извори не го попишуваат како посебно место, туку како целината Граматиково, заедно со Долно Граматиково.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Граматиково (Горно и Долно) е село во Воденската Каза со 280 куќи и вкупно 848 жители Македонци и 415 Македонци муслимани.„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 156-157.

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“), кон крајот на XIX век населението на Горно Граматиково, заедно со она на Долно Граматиково се состои од 480 Македонци и 300 ТурциКънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София 1900, с. 270. Сепак, Боривое Милоевиќ во го посочува Горно Граматиково како посебно село со 100 влашки куќи, претежно печалбарски, и дека во 1888 г. во селото е отворено романско училиште.Романски, Стоян. Македонските ромъни, Македонски преглед, г. I, 1925, кн. 5-6, с. 92. На етничката карта, К’нчов погрешно го бележи како влашко Долно место Горно граматиково.

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 549 жители. Во 1920 г. бројот на населението се намалил на 454 жители, а за 1928 г. нема податоци.

Како планинско село, Горно Граматиково прилично настрадало во Граѓанската војна, кога зимата 1947 г. грчките власти го иселиле населението во Воден. По нормализацијата на состојбите, во него се вратиле само некои жители, па затоа населението бележи пад од 615 жители во 1940 г. на само 293 жители во 1951 г.

Население Бројноста на населението во селото има трајно опаднато во децениите по Граѓанската војна, поради нецелосниот повраток на населението по нормализацијата на состојбите. Останатите жители живеат во Воден и Негуш, но продолжуваат да ги користат своите селски имоти. Дел од родените во селото се иселиле во Романија.

Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Островско Езеро со седиште во Острово, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Граматиково, во кое спаѓа и селото Долно Граматиково.

Стопанство Главна дејност на селаните се шумарството и одгледувањето компири. Застапено е и сточарството, но во многу помала мера од порано.

Личности Атанасие Наста (1912-1996) — романски адвокат, филолог, писател на влашки јазик и поет Гогу Пију (1918-1948) — романски политичар Думитру Париза (1908-1996) — романски поет Коста Баку (1883-?) — свештеник во црквата „Свети Димитриј“ во Граматиково, срушена за време на Втората светска војна; по војната му било забрането да служи на романски и станува грчки свештеникIERARHI AROMÂNI ORIGINARI DIN PENINSULA BALCANICÃ Хали Жога — војвода на чета на романската пропагандаMinov, Nikola. The Aromanians and IMRO, во: Macedonian historical review, vol.2, 2011, стр. 191.

Наводи

Категорија:Воден