десно|мини|250п|Мост на Галик за време на Првата светска војна Галик (, Галикос) — река во централниот дел на Егејска Македонија (денес во Грција), со должина од околу 60 километри, а сливот ѝ зафаќа површина од 930 км2.
Реката извира од јужните падини на планината Круша, тече во јужен правец, па минува крај градотКукуш и се влева в Солунскиот Залив меѓу с. Текелиево (Синдос) и Солун. Заедно со почетните водотеци, реката е долга вкупно 65 километри.
По реката е крстена и поранешната општина Галик. Во Грција, покрај „Галикос“ се користи и древното име „Ехедор“ (Εχέδωρος, Ехедорос), по кое е наречена и поранешната општина со центар во Текелиево.Ο ποταμός Εχέδωρος καθρέφτης του πολιτισμού μας Се смета дека нејзиното име доаѓа од населба на Галите, наречена Галикум, основана на местото на подоцнежниот Кукуш; името се зачувало во тој облик и по завршувањето на римското владеење.
Галик минува и крај Лагадинското Поле, каде солинските сртови продолжуваат во Круша и го делат коритото на Галик од полето.Канчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Патни белешки , Избрани дела. Том I. Издаваштво „Наука и изкуство“, Софија 1970, стр. 31.
Поврзано Лагадинско Поле
Наводи
Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Грција Категорија:Кукуш Категорија:Даутбал