Бијонсе (анг. Beyoncé) е петтиот студиски албум на американската пејачка Бијонсе Ноулс, издаден на 13 декември 2013 од страна на Parkwood Entertainment и Columbia Records. Опишан како визуелен албум, Бијонсе истовремено претставува аудио-визуелна целина која содржи кратки филмови кои ги придружуваат песните и ги илустрираат приказните зад нив кои Бијонсе ги имала претходно создадено за време на создавањето на албумот. Темите во албумот се постфеминистички и посериозни во споредба со поранешните албуми на пејачката; во песните се зборува за секс, страв, загуба и несигурностите кои се кријат зад бракот и мајчинството.

Продукцијата за албумот започнала во 2012 година во Њујорк каде текстописците и продуцентите неконвенционално се сместиле во објект живеејќи и работејќи заедно со Бијонсе еден месец. За време на нејзината екстензивна турнеја во 2013, Бијонсе продолжила да работи во строга тајност и постојано го поместувала датумот на издавањето на албумот бидејќи се залагала тоа да се случи неочекувано. Експерименталната продукција на албумот била поттикната од релативно непознатиот продуцент Boots кој ја извршил продукцијата на целиот албум. Соработката меѓу Бијонсе и Boots резултирала во создавање на алтернативен електронски ритам и блуз звук кој се одликува со минимална продукција, долги песни и емотивни вокали .

Неочекуваното онлајн издавање на Бијонсе без претходна најава довелно до хистерична реакција од обожавателите кои го прогласиле албумот за мајсторко откажување од контролата. Бијонсе добил високи критики од музичките критичари кои биле импресионирани од продукцијата, новодискутираните теми во песните и вокалите на Бијонсе. Покрај тоа, албумот го добил и епитетот за најдобар албум на годината од страна на неколку публикации. Бијонсе се пласирал на првото место на табелата за албуми Билборд 200 во Америка со што станал петтиот последователен број-еден албум издаден од Бијонсе продавајќи 828,773 копии низ целиот свет за три дена со што станал најбрзо продаваниот албум во историјана на iTunes. Три сингла биле издадени од албумот: „XO“, „Drunk in Love“ и „Partition“. До јануари 2014, албумот три милиони копии биле продадени од албумот низ целиот свет.

Снимање Првичното снимање на албумот забочнало на плажа во Хемптонс, Њујорк за време на летото во 2012. „Pretty Hurts“ и „Flawless“ биле делумно снимени таму. Бијонсе била придружена од нејзиниот маж Џеј-Зи и нивната ќерка, како и продуценти и текстописци вклучувајќи ги Сиа Фурлер, Timbaland, Џастин Тимберлејк и The-Dream. Бијонсе ја опишала неконвецијалната атмосфера, велејќи „Имавме ручеци со продуцентите секој ден, како фамилија... беше како камп. Слободни викенги. Секој можеше да оди до базенот и да вози велосипед... океанот, тревата и сончевата светлина... беше навистина сигурно место.“ Додека ја создавала песната „Flawless“, Бијонсе била инспирирана да вметне стара снимка од нејзиното детство кога изгубила на телевизиски натпревар наречен Потрага по Ѕвезда бидејќи мислела дека така ќе ја зголеми агресивноста на песната. Дел од презентацијата „Сите Ние Треба да Бидеме Феминисти“ на Нигерската писателка Чимаманда Нгози Адичи на ТЕД конференција била исто така искористена во истата песна бидејќи Бијонсе сметала дека тој говор најдобро ја прикажува нејзината лична интерпетација на феминизам. Во март 2013, Бијонсе објавила песна насловена „Bow Down / I Been On“ на нејзиниот профил на SoundCloud; првиот дел од таа песна подоцна бил вклучен во „Flawless“.

Проектот бил допред до 2013 година и бил пренесен во Jungle City и Oven Studios каде поголемиот дел од Бијонсе бил снимен. За време на интервју со Vogue во јануари 2013, Џејсон Геј ја опишал внимателноста на Бијонсе кон деталите што ги набљудувала додека го правела албумот како „опсесивна“, потенцирајќи дека визијата и инспирацијата на Бијонсе се состоела од потенцијални наслови на песните, стари слики од албуми и различни настапи. До тој период главни соработници кои пејачката ги споменала биле Boots, Timbaland и Фарел Вилијамс. Boots, кој бил релативно непознат продуцент пред издавањето на албумот имајќи музичка кариера само во рок бендот Blonds, бил продуцент на осумдесет проценти од албумот. За време на интервју со Pitchfork Media, Boots избегнал да зборува за неговите проекти пред Бијонсе или за тоа како Бијонсе го пронашла неговото демо, само потврдувајќи дека имал потпишано издавачки договор со Roc Nation во јуни 2013. За време на неговиот прв состанок со Бијонсе тој веќе имал напишано песни кои мислел дека ќе ѝ одговараат, но таа била поимпресионирана од неговите експериментални и пробни материјали. Boots кој претходно имал снимено демо од пијано на неговиот iPhone, неволно ѝ ја презентирал песната наречена „I'm Onto You“ — која подоцна била преименувана во „Haunted“ на албумот — мислејќи дека инстументалот е еднообразен и неинтересен. Бијонсе не се согласила со него и одлучила да ја земе песната велејќи му на Boots, „Ова нешто треба да биде појако од кој било рап албум што е издаден.“ Boots ја опишал Бијонсе како „единствениот визионер во собата“ истакнувајќи ја нејзината можност да најде потенцијал во белешки од песни.

После разбеснета средба со некоја издавачка куќа, Boots го напишал рап делот во песната „Ghost“ и ѝ го прикажал на Бијонсе за време на почетните фази на снимањето. Имајќи претходно доживеано слично искуство додека потпишувала договор со издавачка куќа, Бијонсе се пронашла себеси во песната. Boots изјавил за песната, „Почнав со гидари, градејќи слоеви кои потсетуваа на звуци од Aphex Twin. И подоцна целосно ги внесов во песната“. Сличен пристап имале и останатите продуценти. Кога продуцентот Detail ѝ пристапил на Бијонсе презентирајќи и звук кој претходно го имал создадено и бил насловен „Drunk“ (дел кој подоцна бил искористен во „Drunk in Love“), таа и Џеј-Зи ги израпувале стиховите без тие претходно да бидат напишено, а Timbaland додал клавијатура. Бијонсе изјавила дека мотивацијата да ја создаде и сними „Drunk in Love“ била само за уживање, а не за создавање хит сингл. На сличен начин откако го слушнала басот од песната „Partition“, Бијонсе без хартија и пенкало ги испеала стиховите на микрофон, а на почетокот била и засрамена од сексуалната експлицитност на текстот. Првата половина од „Partition“, насловена „Yoncé“, била создадена од Џастин Тимберлејк кој удирал на корпи во студиото.

Само четири песни не биле целосно снимени во студијата на Њујорк; „Superpower“ и „Heaven“ кои биле делумно снимени во Калифорнија, како и „No Angel“, песна која била компонирана во Лондон и „XO“ во Берлин и Сиднеј. Во октомври, албумот почнал да добива краен облик и Бијонсе ги отстранила песните „Standing on the Sun“ и „Grown Woman“ — песни кои претходно биле прикажани на телевизиски реклами — од Бијонсе за да останат во согласност само песни кои биле минималистички. За време на неделата на Денот на благодарноста, вокалите на песните на албумот биле уредени и продуцентите биле известени дека треба да ги пратат нивните крајни песни. Во целост, Бијонсе снимила 80 песни за албумот.

Композиција Бијонсе содржи четиринаесет песни и седумнаесет музички видеа снимени како кратки филмови; постои видео за секоја песна, а две екстра видеа биле снимени за „Haunted“ и „Partition“, како и бонус видео за „Grown Woman“, која постои само како видео и нема попратна аудио снимка за неа на албумо. Опишан од NME како „пост-дабстеп иден Р&Б“, албумот содржи елементи на алтернативна Р&Б музика: силни, емотивни вокални изведби, минимална продукција и разумен текст. Албумот исто така бил опишан како електро- Р&Б албум, со опширна употреба на елементи од електронста продукција во голем број од песните. Структурата на песните е слободна, со битови кои се состојат од „ниски пулсови, ефекти за создавање амбиент." Слично со претходните албуми на Бијонсе, албумот Бијонсе содржи постфеминистичка порака, претставена на пошироко ниво и помешана со „поглед во женската сексуалност. “ Неколку критичари забележале дека главната тема на албумот е сексот. Исто така голем број критичари забележале дека Бијонсе ги прикажува придобивките и несигурностите на моногамната љубов и мајчинството. Албумот исто така содржи и посериозни теми, кои претходно не биле забележливи во музиката на пејачката, вклучувајќи проблеми како булимија и postnatal depression.

Првата песна на албумот, насловена „Pretty Hurts“, е поп и нео-соул песна напишана од страна на Сиа Фурлер. Како химна за самопочитување и самоунапредување, ги прикажува опсесиите на општеството за постигнување на невозможно физичко совршенство и болните работи низ кои луѓето поминуваат за да ја достигнат. „ Flawless “ претставува најексплицинтниот коментар на алубмот за полова дискриминација и користи дел од говор од нигерската феминистка и писателка Чимаманда Нгози Адичи. Песната содржи елементи на трап музика, претставувајќи поагресивна страна на Бијонсе која го пее со висок тон рефренот „покорете се кучки“ (анг. „bow down, bitches“). Започнува и завршува со извадок од снимка од детството на Бијонсе: перформанс со групата Girl's Tyme на шоуто за таленти Star Search, со цек да ја прикаже својата работна навика.

„Mine“ е соработка со американскиот рапер Дрејк. Во песната Бијонсе зборива за своите секојдневни стравови поврзани со нејзината фамилија, пост-породилната депресија и двоумењата и слабостите на нејзиниот брак. Содржи џез ритам. „Haunted“ била опишана како „сон во два дела“ и содржи клавијатура, длабоки вокали и бас линија. Песната започнува со роботски ритам кој го пее Бијонсе додека аритмичен ритам се повторува во позадина нагласувајќи ја мотонијата во животот за која воедно Бијонсе пее во песната. „Heaven“ е меланхолична пијано балада која содржи влијанија од госпел музиката, а текстот зброува за пребродување и криење на тагата по смртта на драга личност. Последната песна на албумот, насловена „Blue“ содржи вокали од ќерката на Бијонсе, Блу Ајви Картер. „Blue“ е балада во која преовладува пијано мелодија со текст за мајчинството на Бијонсе.

Неконвенционалната и футуристичка продукција на албумот била добро прифатена од страна на критичарите. Алтернативната Р&Б песна „Superpower“—дует со Френк Оушн—е центрирана на „кинематографски“ ритам на Фарел Вилијамс и е испеана со ниски вокали и хармонии кои, според критичарите потсетуваат на групата Destiny's Child во која Бијонсе била водечки вокалист. „XO“ е поп песна со средно темпо во која застапените инструменти се клавијатури, синтисајзери и електронски звуци. „Jealous“ е песна со темен, замислен ритам во која пејачката се преиспитува себеси. Песната содржи постапен звук на ехо. Наместо да биде љубоморна на својот љубовник, протагонистот во „Jealous“ раскажува за борење со својата завидност и наоѓање утеха во пријателството. „No Angel“ е синтпоп и електронска песна со тежок бас и минималистичен ритам во која Бијонсе прогласува дека таа и човекот на кој му е наклонета не се совршени.

Длабоката сексуална природа на албумот е застапена во „Partition“, песна составена од два хип-хоп дела. Бијонсе рапува за својата популарност во првиот дел на песната, поднасловен како „Yoncé“, додека вториот дел, поднасловен како „Partition“ содржи приказна за полов однос на задното седиште на лимузина раскажана со искреност и спомнувајќи ја Моника Левински која имала афера со американскиот претседател Бил Клинтон. „Blow“ е ретро Р&Н песна со бас во позадина, и пијано акорди кои придонесуваат за диско елементите. Песната е метафора за кунилингус, односно орален секс. Кон крајот содржи дел испеан на француски јазик. „Blow“ била споредена со песните на Prince. „Drunk in Love“, која е дует меѓу Бијонсе и нејзиниот маж Џеј-Зи, е мешавина од нејасни синтисајзерски звуци и битови од треп музиката, во која експлицитно се зборува за секс. „Rocket“, е ретро-соул песна слична со песните на пејачот D'Angelo, која трае шест минути и триесет секунди и во која Бијонсе зборува за начинот на кој ќе го задоволи својот партнер.

Визуелен дел