ФК Палермо или само Палермо е италијански фудбалски клуб од Палермо, Сицилија, кој се натпреварува во Серија Ц. Формиран во 1900 година како Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб, клубот имал различни имиња, а последното го добиле во 2019 по банкротот и испаѓањето во Серија Д.

Палермо е на најдобро рангиран фудбалски клуб од островот Сицилија. Во текот на својата историја, Палермо играл во сите професионални лиги на Италија, и учествувал во неколку сезони во Серија А во текот на 1960-тите и раните 1970-ти, исто така, бил финалист во Купот на Италија двапати во тој период. По нивното враќање во Серија А во 2004 година, клубот станал еден од најистакнатите во Италија, исто така, дал четири играчи во италијанската репрезентација кој победила на Светското првенство 2006. Палермо настапувал во Купот на УЕФА во сезоните 2005-06, 2006-07, 2007-08, стигајќи најдалеку до осминафиналето во првото учество. Во 2011 го губат третото финале во Купот на Италија.

Официјалните бои на тимот се розова и црна боја, кои доведуваат до прекарот росанеро; поретко го користат прекарот Акиле, осврнувајќи се на орелот на официјалното клупско лого.

Палермо ги игра својте натпревари на Стадионот Ренцо Барбера кој од 2007 година има капацитет од 36.349 луѓе. Тој бил првично изграден во 1932 година, но бил реновиран во доцните 1980-ти и служел како место на кое биле играни натпревари од Светското првенство 1990.

Историја Клубот бил основан во ноември 1900 година. Палермо е најстариот фудбалски клуб од Сицилија и втор најстар во Јужна Италија после Лацио, кој бил формиран во јануари истата година.

Рана историја right|thumb|Првите играчи на Палермо односно тогаш т.н. Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб, 1900 година Клубот, како и некој други италијански клубови, има потекло од Англија. Фудбалот во Палермо го донеле англиските морнари, кој во слободното време го играле овој спорт на градската улица. Точната дата на основањето на клубот не е одредена. Многумина тврдат дека клубот бил основан во 1898 година врз основа на некој листови хартија на кој Џосеф Витакера (тогашен англиски конзул во Палермо) бил одреден како прв претседател на клубот.

Сепак, најчесто (а воедно и официјално) како дата за основање на клубот се зема 1 ноември 1900 - заради тоа што на овој ден започнал со работа клубот под името Англо Панормитан Атлетик и Фудбал клуб (Anglo Panormitan Athletic and Football Club). Според официјалните наводи, клубот го основал Игнацио Пагано, колега на Витакер, кој фудбалот го открил на лондонскиот колеџ, каде овој спорт веќе бил популарен. Пагано во Лондон исто така го запознал и Алфредо Марангола, кој подоцна основал друг италијански клуб од Сицилија - Месина.

Првиот запишан натпревар во историјата клубот го одиграл на 30 декември 1900, и завршил со убедлив пораз од 0-5 од непозната англиска аматерска екипа. Боите на клубот првично биле сина и црвена. Дванаесетте играчи, колку што ги имал клубот, во почетокот се собирале и тренирале на теренот на Виа Нотарбартоло, кој му припаѓал на Витакер. Првиот официјален натпревар одигран е на 18 април 1901, против Месина, а ова била воедно и првата победа, остварена со резултат 3-2. Од 1905 се играл Витакер Челенџ купот, и одржан е трипати, а Палермо го освоил еднаш.

Клубот во 1907 година го променил името во Палермо фудбал Клуб (Palermo Foot-Ball Club), а клупските бои биле променети во розова и црна, и таа комбинација на бои клубот ја користи и денес. Во писмото од тоа време пишувало дека овие бои претставуваат слатко и горко, а некој извори тврдат дека овие бои се добиени поради незгодата при перење на првобитните сини и црвени дресови. Од 1908 до 1914 Палермо играл на Липтон купот, организиран од шкотскиот стопанственик Сер Томас Липтон. Натпреварувањето им донело соочување со Наполи, а Палермо победил трипати, вклучувајќи ја и убедливата победа со 6-0 во 1912. Од почетокот до крајот на Првата ветска војна клубот немал никакви фудбалски активности.

По завршувањето на Првата светска војна клубот бил обновен од страна на млади студенти и спортски функционери со баронот Серџо на чело. На 16 февруари 1919 името на клубот е променето во Унионе Спортива Палермо (Unione Sportiva Palermo). Во раните 1920-ти УС Палермо се натпреварувал на сицилијанскиот фудбалски куп (Coppa Federale Siciliana), а во следните пет година настапувале во Првенството на Јужна Италија (Campionato Lega Sud), каде во 1924 стигнале до полуфиналето. На 10 јули 1927, Палермо бил приморан да се повлече од националната лига заради големи финансиски проблеми. Четири дена подоцна се споил со екипата на Вигор Палермо под името Палермо Фудбал Клуб (Palermo FootBall Club). Новиот клуб бил примен во тогашната Прва дивизија, која е аналогна со денешната Серија Ц1. На Палермо му требале четири године да избори промоција во Серија Б, а тоа конечно им успеало во 1930 благодарение на Карло Радиче и неговите 15 голови. Во првата сезона во Серија Б екипата за малку неуспеала да се избори за третото место на табелата кое водело во првата лига, но сепак на крајот тоа место го зазела екипата на Бари со три бода повеќе. И покрај тоа, веќе во следната сезона Палермо успеал да ја освои Серија Б и за првпат во историјата на клубот да избори промоција во Серија А, а јунак бил повторно Радиче со 27 постигнати голови. Во првата сезона во Серија А клубот се преселил на новиот стадион под името Стадио Литорио, денес попознат како Стадион Ренцо Барбера, во населбата Фаворита. Првиот натпревар на овој стадион е одигран на 24 јануари 1932 против Аталантa и Палермо победил со 5-1. Клубот неколку сезони ја барал вистинската форма во лигата, а во сезоната 1934-35 завршиле како седми. Следната сезона клуб не успеал да се избори за опстанок во лигата и испаѓа во Серија Б. Палермо во следните три сезони играл во втората лига и завршувал на седмото место. Во 1936 година е одиграно првото дерби со Катанија, познато под името Дерби на Сицилија.

Истата година фашистичкиот режим го приморал клубот да ги промени боите во жолта и црвена. Четвртата сезона на клубот во Серија Б била најпроблематична; финансиските проблеми станувале сè поголеми, сè додека клубот не бил исфрлен од лигата заради економската состојба. Со спојувањето со локалниот клуб Унионе Спортива Јувентина Палермо клубот се вратил во Серија Ц во 1941 година играјќи во светлосини дреесови. Во 1942 Палермо си ги вратил својте оригинални бои; розова и црна. Во 1943 повторно се повлекува од лигата заради Втората светска војна.

Годините по војната (1947-2002) По Втората светска војна, тимот се вратил во Серија А откако ја освоиле титулата во Серија Б во сезоната 1947-1948. Новиот тим на Палермо бил опремен со квалитетни играчи како што биле легендата на Чехословачка, Честмир Вицпалек кој дошол од Јувентус заедно со Конти, потоа Ди Бела и Павези. Палермо играл во Серија А до 1954, кога тимот претрпел испаѓање. Масовните промени во одборот, како и работата на тренерот на тимот се покажале како успешни и клубот се вратил во Серија А во 1956 година. Палермо потоа станал Јо-јо клуб, правејќи влези-излези помеѓу двете највисоко рангирани италијански лиги. Неколку ѕвезди играле за Палермо во текот на овој период, како што се аргентинскиот напаѓач Сантјаго Вернаца (51 гол во 115 натпревари со росанеро), голманите Роберто Анзолин и Карло Матрел, Џузепе Фурино и Франко Каузио. Палермо ја одбележал својата најдобра кампања во сезоната 1961-1962, завршувајќи на 8.место во Серија А. Сепак, во 1963 година тие повторно биле потиснати во Серија Б, и играле таму пет сезони. Палермо играл повторно во Серија А помеѓу 1968-1970.

Во 1970 година, нов претседател на клубот станал Ренцо Барбера. По 1973 година, Палермо останал цврсто вкоренет во Серија Б. И покрај ова, Палермо достигнал два големи успеха пласирајќи се во финалето на италијанскиот куп, но и во двете финалиња тие тесно изгубиле : во 1974 година од Болоња на пенали, а во 1979 година од Јувентус по дополнително време. Барбера го напуштил клубот во 1980 година и Палермо испаднал во Серија Ц1 четири години подоцна. Во сезоната 1985-1986 која завршила во летото, сепак, била последната за Палермо ФБК (Палермо Фудбал Клуб) и покрај тоа што се спасиле од испаѓање, клубот бил протеран од фудбалската федерација поради финансиски проблеми. Во летото на 1987 година, по една година без професионален фудбал во Палермо, клубот повторно бил основан и го носи сегашното име УС Чита Палермо, и започнал да игра во Серија Ц2, која веднаш ќе ја освои.

Во 1990-тите, Палермо се натпреварувал помеѓу Серија Б и Серија Ц1 со неколку издигнувања, како што биле сезоната 1995-1996 во Серија Б и четврт-финалето во Купот на Италија, и голем број на падови, како што се испаѓање во Серија Ц2 во 1998 година по поразот во плеј-аутот од Батипаљезе, но подоцна овој плеј-аут бил поништен од страна на федерацијата за да се пополни слободното место во лигата.

Во март 2000 година, претседателот на Рома, Франко Сенси го предводел велепоседничкото друштво кое го купило Палермо и Серџо Д'Антони станал претседател на клубот и Палермо изборил промоција во Серија Б една година подоцна, во драматично последно коло од сезоната, кога Палермо се вратиле од негатива до победа за да го земат прво место во лигата пред сицилијанските соперници Месина. Првата повратна сезона во Серија Б, со Бортоло Мути како тренер, завршува на средината на табелата.

Ерата на Ѕампарини: враќањето во Серија А и настапите во Европа (2002-2013) десно|thumb|160px|Претседателот и сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини. Во летото на 2002 година, стопанственикот од Фриули и сопственик на Венеција, Маурицио Ѕампарини го купил клубот од Франко Сенси со понуда од 15.000.000 €, со јасна намера да го врати Палермо во Серија А, а потоа и да го направи клубот редовен учесник во Серија А и да се вмеша во борба за позициите кои водат во европските натпреварувања. Палермо неуспеал во својот прв обид да стигне до Серија А во сезоната 2002-03, бидејќи шансите биле загубени во последното коло од сезоната. Затоа пак, успеале една сезона подоцна откако со освојување на првото место во Серија Б во сезоната 2003-04, што била нивната четврта титула првак на Серија Б. Со овој успех клубот изборил промоција во Серија А по 31 година отсуство, под водство на одличниот тренер Франческо Гвидолин, кој бил ангажиран во јануари 2004 година како замена за разрешениот Силвио Балдини. Исто така за одбележување е и придонесот на напаѓачот Лука Тони кој постигнал 30 гола и бил најдобар стрелец во Серија Б во сезоната.

right|thumb|upright|Франческо Гвидолин, тренерот кој го врати Палермо во Серија А после многу години и го однесе клубот за првпат во квалификациите за некој Европски турнир.