Оружје за масовно уништување (ОМУ) — јадрено, радиолошко, биолошко, хемиско или друг вид оружје што може да убие или да нанесе значајна штета на голем број луѓе или да направи огромна штета на градбите изградени од човекот (на пр. згради), на природните градби (на пр. планини), или на биосферата. Доменот и примената на овој термин се развиваат и се дискутираат, почесто со политичко отколу техничко значење. Образуван во врска со воздушното бомбардирање со хемиски експлозиви, тој ги издвојува оружјата од големи размери на другите технологии, како што се хемиското, биолошкото, радиолошкото, или јадреното. Ова прави разлика помеѓу овој термин и оние постручните како што е хемиско, биолошко, радиолошко и јадрено оружје (ХБРН, анг.CBRN).
Рани употреби на терминот Првата регистрирана употреба на терминот "оружје за масовно уништување" е од Космо Гордон Ланг, Архиепископ од Кантербери, во 1937 г. во врска со воздушното бомбардирање на Герника, Шпанија:
Во тоа време, САД (со помош од Западните сојузници) допрва го развиваше и го употреби јадреното оружје. Јапонија спроведе истражување за биолошките оружја (види Unit 731), додека, пак, хемиските оружја имаа широка примена, особено во Првата светска војна.
По атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки што ставија крај на Втората светска војна, и напредувајќи во периодот на Студената војна, терминот почна да се однесува повеќе на неконвенционални оружја. Примената на овој термин за посебно јадрено и радиолошко оружје го открива Вилијам Сафир во руската фраза "Оружие массового поражения" – oruzhiye massovovo porazheniya (оружје за масовно уништување).
Тој му го припишува на Џејмс Гудбај (од Brookings Institution) откривањето на она што тој го смета за најрана позната употреба на англиски јазик по јадреното бомбардирање на Хирошима и Нагасаки (иако не е сосема буквално): соопштение од 15 ноември 1945 г., од средбата на Хари Труман, Клемент Атли и Мекензи Кинг (веројатно подготвено од Ваневар Буш– барем така тврдеше Буш во 1970 г.) се однесуваше на "оружја приспособливи за масовно уништување".
Токму оваа фраза, вели Сафир, ја употребил и Бернард Барух во 1946 г. (во говор во Обединетите Нации, најверојатно напишан од Херберт Бејард Своп)."Weapons of Mass Destruction", New York Times Magazine, 19 April 1998, p.22. Retrieved 24 February 2007. Истата фраза си го најде својот пат до првата резолуција што Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои во јануари 1946 г. во Лондон, кое го употреби збороредот: „...уништување на државното вооружување со атомско оружје и на сите други оружја приспособливи за масовно уништување.“ Оваа резолуција ја создаде и Комисијата за атомска енергија (претходник на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА)).
Точната употреба на овој термин се даде во предавањето „Атомската енергија како атомски проблем“ (анг.„Atomic Energy as an Atomic Problem“ од Џ.Роберт Опенхаимер. На 17 септември 1947 г., предавањето се достави до Надворешната служба и Министерството за надворешни работи. Тоа повторно се испечати во The Open Mind (Њујорк: Сајмон и Шустер, 1955 г.). „Тоа претставува делекусежна контрола што би го отстранила соперништвото во оваа област помеѓу нациите, што би го спречила тајното вооружување на една нација против друга, што би обезбедила дополнително време пред атомски напад, спред тоа, најверојатно пред каков било напад со оружје за масивно уништување, и што ќе цели кон отстранување на атомската енергија, во најмала рака како извор на судири помеѓу силите.“.
Терминот е употребен и во енормно влијателниот документ на американската влада познат како NSC-68 напишан во април 1950 г.
Во емитуваната презентација за Кубанската ракетна криза на 22 октомври 1962 г., Џон Ф. Кенеди спомна „офанзивно оружје за ненадејно масовно уништување.Kennedy JF (1962-10-22). Televised remarks to the American people re "the Soviet military buildup on the island of Cuba" “
Рана употреба во меѓународен договор на истата фраза е во Договорот за вселената од 1967 г., меѓутоа не беше дадена никаква дефиниција.
Развојот на неговота употреба За време на Студената војна, терминот "оружје за масовно уништување" првично се однесуваше на јадрено оружје. Во тоа време, на Западот се користеше еуфемизмот "стратегиско оружје" што се однесуваше на американскиот јадрен арсенал, кој претставуваше неопходно средство за одвраќање на Советскиот Сојуз од јадрен или конвенционален напад (види Заемно загарантирано уништување).
Терминот "оружје за масовно уништување" продолжи периодично да се употребува во ова време, особено во контекст на контрола на јадрено оружје; Роналд Реган го употреби за време на Самитот во Рејкјавик, кога се осврна на Договорот за вселената во 1967 г.. Наследникот на Реган, Џорџ Х. В. Буш, го употреби терминот во говор до Обединетите нации во 1989 г., првично упатувајќи кон хемиско оружје.
Завршетокот на Студената војна ја намали зависноста на Сад од користењето на јадреното оружје како средство за заплашување, што предизвика да го насочи своето внимание кон разоружување. Овој период се совпадна со сè поголемата закана од исламските нации и независните исламски групи за интересите на САД. Со инвазијата на Кувајт во 1990 г. и Заливската војна од 1991 г., посебна грижа на првата аминистрација на Буш беа програмите за јадрено, биолошко и хемиско оружје на Ирак. По војната, Бил Клинтон и други западни политичари и медиуми продолжија да го користат терминот, особено кога упатуваа на тековните обиди за укинувње на програмите за оружје на Ирак.
По нападите на 11 септември во 2001 г. и нападите со антракс во 2001 г., САД и други западни сили ги опфати зголемен страв од неконвенционално оружје и асиметрично војување. Овој страв го достигна својот врв со Кризата за разоружување на Ирак во 2002 г. и наводното постоење на оружје за масовно уништување во Ирак што стана првичното оправдување за инвазијата на Ирак во 2003 г. Меѓутоа, никакво ОМУ не беше пронајдено во Ирак. (Беа пронајдени резерви на хемиска муниција меѓу кои и сарин и хемиски боени отрови, но ништо од тоа не се сметаше дека е во состојба за користење поради корозија.)Munitions Found in Iraq Meet WMD Criteria , Military.com, report filed by American Forces Press Service, 29 June 2006
Поради својата плодна употреба во овој период, Американското здружение за дијалекти , во 2002 г., го прогласи терминот "оружје за масовно уништување" (и неговата кратенка, "ОМУ") за збор на годината, а во 2003 г., Државниот универзитет Лејк Супериор го додаде ОМУ на својата список на термини забранети за "погрешна употреба, прекумерна употреба и општа бескорисност".
Во својата Кривична пријава против главниот осомничен за бомбардирањето на бостонскиот маратон на 15 април 2013 г., ФБИ заборува за импровизирана бомба во експрес-тенџере како за "оружје за масовно уништување".
Дефиниција на терминот
САД
Стратегиско Иако не постои никаков договор или вообичаено меѓународно право што содржи авторитативна дефиниција за "оружје за масовно уништување", најчесто употребувана е дефиницијата на јадрено, биолошко, или хемиско оружје (НБХ). Всушност, меѓународното право се користи во однос на одредени категории оружје што спаѓаат во ОМУ, но не се однесува на ОМУ како целина. Иако јадреното, хемиското и биолошкото оружје се сметаат за трите главни видови ОМУ,Weapons of Mass Destruction Hampshire College некои аналитичари тврдат дека и радиолошките материјали како и проектилната технологија и системите за испорака како што се воздухопловството и балистичките проектили може да се окарактеризираат како ОМУ.
Кратенките НБХ (за јадрено, биолошко и хемиско) или ХБР (хемиско, биолошко, радиолошко) се употребуваат во однос на системите за заштита на оклопни возила во бојно поле, бидејќи и трите содржат притаени отрови кои можат да се пренесат низ воздухот и можат да се заштитат со системите за филтрација на воздухот во возилата.
Сепак, постои аргумент дека јадреното и биолошкото оружје не припаѓаат во истата категорија со хемиското оружје и радиолошкото оружје "валкана бомба", кои имаат ограничен потенцијал за уништување (и кој, кога се однесува на својствата, не е близок до ни еден друг), додека, пак, јадреното и биолошкото оружје ја имааат уникатната способност да убијат голем број на луѓе со многу мали количини материјал, па така може да се каже дека припаѓаат во сопствена класа.
НБХ дефиницијата се употребува и во официјалните документи на САД, од претседателот на САД, Централаната разузнавачка агенција на САД,CIA Site RedirectCentral Intelligence Agency Министерството за одбрана на САД, и Службата за владина одговорност на САД.
Други документи ја прошируваат дефиницијата на ОМУ за да се вклучат и радиолошкото и конвенционалното оружје. Армијата на САД го опишува ОМУ како: Хемиско, биолошко, радиолошко или јадрено оружје со способност за уништување од големи размери или за предизвикување на масивно убивање, а ги исклучува средствата за транспорт или придвижување на оружјето кога таквите средства се одделив и делив дел на оружјето. Тие се нарекуваат и ОМУ. Ова може да се однесува и на јадрените ИЦБМ (меѓуконтинентални балистички проектили).
Значењето на зборовите одделив и делив дел на оружјето е дека проектилите како што се Pershing II и SCUD се сметаат за оружје за масовно уништување, додека авионите со способност за носење на бомби не се сметаат за оружје за масовно уништување.
Во 2004 г., Батлеровиот преглед (анг. Butler Review) на Обединетото Кралство ја призна "значајната и долготрајна академска расправа за соодветното толкување на фразата ‘оружје за масовно уништување’". Комитетот се обидуваше да го избегне општиот термин, но кога го употреби ја примени дефиницијата од Резолуцијата 687 на Советот за безбедност на Обединетите нации, која ги дефинира системите што се бараат од Ирак да ги напушти: "Јадрено оружје или употреблив материјал од јадрено оружје или какви било подсистеми или компоненти или какво било истражување, развој, поткрепување или произведување на опрема поврзана со [јадрено оружје]. Хемиско и биолошко оружје и сите залихи на агенси и сите сродни подсистеми и компоненти и цела опрема за истражување, развој, поткрепа и производство. Балистички проектили со дострел поголем од 150 километри и сродни главни делови и опрема за поправка и производство."Review of Intelligence on Weapons of Mass Destruction: Report of a Committee of Privy Counsellors (HC 898), London: The Stationery Office, 2004, §14.
Стручњакот за хемиско оружје, Герт Г. Хариге го смета само јадреното оружје за вистинско оружје за масивно уништување, бидејќи "единствено јадреното оружје е целосно неселективно со неговата моќ на експлозија, зрачење на топлина и радиоактивност, и затоа единствено тоа треба да се нарекува оружје за масовно уништување". Тој претпочита да го нарекува хемиското и биолошкото оружје "оружје за терор" кога цел се цивилите, и "оружје за заплашување" за војниците.
Сведоштвото на еден таков војник го искажува истото гледиште. Во текот на неколку месеци во зимата 2002–2003 г., Заменик министерот за Одбрана на САД Пол Вофовиц често го употребуваше терминот "оружје за масовен терор," очигледно препознавајќи ја и разликата помеѓу психолошките и физичките ефекти на многу работи кои во моментот спаѓаат во категоријата на ОМУ.
Густаво Бел Лимус, потпретседател на Колумбија, на 9 јули 2001 г. на Конференцијата за нелегална трговија со стрелачко оружје и Лесно оружје во сите негови аспекти на Обединетите нации, го цитираше во Генералното собрание Милениумскиот извештај на Генералниот секретар на ОН, во кој Кофи Анан кажа дека стрелачкото оружје може да се опише како ОМУ поради смртните случаи што тоа ги предизвикува "ги засенува сите други системи на оружје – и во повеќето години во голема мера го надминува бројот на загинати од атомските бомби што ги опустошија Хирошима и Нагасаки".