Гелбензанде () — општина во округот Росток, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Општината претставува административно седиште на општинската заедница Ростокер Хајде.
Ловечка куќа
лево|мини|Ловечката куќа Гелбензанде
Ловечката куќа Гелбензанде била изградена помеѓу 1880 и 1885 како летна резиденција на големиот војвода Фридрих Франц III на Мекленбург-Шверин. По 1887 била користена како куќа за ловење во околните шуми. Бидејќи една од внуките на рускиот цар била мажена за војводата, забележливи се мекленбуршко-руските врски во внатрешноста на замокот. Куќата останала во посед на големиот војвода до 1944. Потоа била користена како воена болница, санаториум за туберкулоза, јавна библиотека, ветерански клуб и хостел. Од повторното обединување на Германија во 1989/1990, поседувана е од општината Гелбензанде и отворена за јавноста како музеј.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Росток (округ)