Кирил Трајковски (, – , ) — виден македонски археолог и академик, долгогодишен член на Македонското научно друштво, проучувач на средновековната археологија во Македонија, кустос-советник во Музејот на Македонија и персевант.

Животопис Трајковски е роден на 27 ноември 1951 година во Штип, каде што завршил и гимназија, а дипломирал на Филозофскиот факултет, група археологија во Белград во 1976 година. Во Музејот на Македонија работел од 1977 година. Како најзначајни, од повеќето археолошки стратиграфски бази, во археолошкиот континуум на Трајковски се издвојувале Морозвизд (Мородвис) и Кастелот над Пчиња, наоѓалишта на кои тој раководел со реализација на проектите: Средновековен Моробиздон 1980-1999, Средновековната археологија на Брегалница 1987-1989, Рановизантискиот град кај Коњух (пилот-проект) 1998 и Кастелот над Пчиња 2008-2012. Негова сестра е Славица Трајковска - Вејт, која е и директорка на фондација која го носи името на Кирил Трајковски.ВО ЗЕМЈАВА ПРЕСТОЈУВААТ АРХЕОЛОЗИ ОД ОКСФОРД Бил женет и имал три сина. Починал во Скопје на 13 октомври 2012 година.

Наводи

Категорија:Македонски археолози Категорија:Луѓе од Штип Категорија:Македонски персеванти Категорија:Членови на МАНД