Куп на шампиони 1989/90 — 35-то издание на Купот на шампионите, најсилното европско клупско фудбалско натпреварување.
Финалето било одиграно на 23 мај 1990 година на стадионот Пратер во Виена, каде што Милан со резултат 1:0 издвоил победа над Бенфика, и со тоа успеал да го одбрани трофејот од претходната сезона и освојувајќи го својот четврти трофеј во Купот на шампионите.
Ова била петта последователна сезона без учество на англиски клубови, поради забраната за учество која ја добиле од страна на УЕФА поради Хејселската трагедија од 1985 година, така што Арсенал, освојувач на Англиската лига од претходната сезона, не можел да учествува.
Италија била единствена земја со два претставници, каде што покрај Милан, освојувач на Купот од претходната сезона се натпреварувал и Интер, првак на Италија од претходната сезона.
Прво коло
1 Хонвед се пласирал во осминафиналето по правилото за постигнати повеќе голови на гости.
Осминафинале
Четвртфинале
Полуфинале
1 Милан се пласирал во финалето по правилото за повеќе постигнати погодоци на гости.
2 Бенфика се пласирала во финалето по правилото за повеќе постигнати погодоци на гости.
Финале
Категорија:Сезони во Купот на европските шампиони