Ограда — археолошко наоѓалиште во битолското село Лопатица. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на крајот од долината, во непосредната близина на патот Битола — Демир Хисар, каде со обработувањето на земјата жителите откриле темели од објекти, а на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал. Најдени се и монети од Анастасиј, Јустин I и постари, кои се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Коритница — некропола од римско време; Долни Леоник — црква од средниот век; Калуѓери — — црква од средниот век; Во Селото — осамен наод од римско време; Лопатица; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Лопатица (Битолско)