Мирои Орници — археолошко наоѓалиште во битолското село Крстоар. Претставува базилика од старохристијанско време . Се наоѓа на околу 300 м северозападно од Крстоарскиот манастир, каде војската при копање на ровови во 1954 година открила објект со мозаичен под. Објектот бил ѕидан од камен и варов малтер. Денес по површината на просторот има фрагменти од покривни ќерамиди, тули и друг градежен материјал, а зачуван е и еден довратник од мермер. Според исказите на жителите, одовде потекнува камената пластика (делови од мермерен саркофаг, мермерен столб и др.) што се наоѓа кај манастирот.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Грамаѓе — населба од средниот век; Крстоар; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Крстоар