Иван Дуков Пендаровски или Пендарски (, - починал во ) — македонски револуционер и дебарски војвода на ВМОРО.
Животопис лево|мини|Иван Дуков Иван Пендаровски е роден во Галичник во 1863 година, по занимање бил овчар.Реканско-галички војводи, преземено од http://mn.mk на 31.07.2012 г.
Во август 1902 година по наредба на Централниот комитет, заминал за Софија со другарите Трајче Атанасов (од Галичник) и врховистот Владимир Милчин(ов) (од Прилеп. Подоцна преку Србија, Австрија и оттаму во Албанија се вратиле во Галичкиот крај за да бидат од помош на ВМРО при борбите.
Предадени на османлиските власти од непознато лице, во Тирана биле затворени и ставени во тешки пранги. Потоа биле испратени со силно обезбедување во битолскиот затвор. Таму Иван Дуков останал цели три години, по што бил пуштен на слобода. По Илинденското востание, како војвода бил на услуга на галичко-реканската револуционерна организација. Починал во 1917 година.Борис Николов: Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник, стр. 126, Софија, 2001 г.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Мијаци