За современата црква, видете Црква „Вознесение Христово“

Св. Спас или Вознесение — археолошко наоѓалиште во охридското село Лескоец. Претставува средновековна црква и некропола. На североисточниот крај од старото село Лескоец, а на околу 3,5 км североисточно од Охрид има еднокорабна градба со правоаголна основа, пространа апсида и полукружен свод, подигната во 1426 година. Околу неа се простира некропола со гробови градени од камени плочи, со насоченост запад-исток.

Поврзано Белио — средновековна населба; Горица — населба од неолитот, бронзеното и доцноантичкото време и средновековна некропола; Лелешница — некропола од доцноантичкото време; Св. Никола — средновековна црква и некропола; Св. Петкина Нива — некропола од римското време; Сред Село — населба од неолитското време; Лескоец; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Наводи

Категорија:Лескоец (Охридско)