Тумба — археолошко наоѓалиште во битолското село Радобор. Претставува населба од неолитско, бакарно и бронзено време. Се наоѓа во непосредната близина на утоката на реката Шемница во Црна Река. Има пречник од околу 200 м и височина до 3 м. Со мелиорационите зафати, особено со проширувањето на коритото на Црна, источната половина на тумбата е речиси разнесена. Во 1977 и 1990/91 година се извршени заштитни археолошки ископувања при што е пронајден културен слој од 4 м со неколку хоризонти на живеење. Според многубројните примероци од фрагментирани и цели керамички садови, различни по формата, по начинот на изработувањето и по местото на откривањето, сигурно е дека населбата била формирана на крајот од неолитското време. Животот продолжил и подоцна, во бакарното време, а особено во бронзеното време. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Копилица — населба од неолитско време; Радобор; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Радобор Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од бронзено време