Чарлиски Тумби — археолошко наоѓалиште во битолското село Долна Чарлија. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на околу 3 км западно од селото, во непосредната близина на селскиот пат за Беранци, каде се наоѓаат три помали тумби. Првата има пречник од околу 60 м и височина од 1,30 м, втората е со пречник од 35 м и височина од 1,50 м, а третата тумба е со пречник од 30 м и височина од 1,40 м. По површината на сите три тумби се среќаваат фрагменти од керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Во Селото — осамен наод од римско време; Тумба — населба од бронзено време; Св. Димитрија — осамен наод од римско време; Долна Чарлија; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Долна Чарлија