Градиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Дедебалци. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на падините на Селечка Планина, оддалечени 1 км источно од селото, во блокот на ЗИК „Пелагонија”, каде по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и големо количество градежен материјал. Откриени се и камени плочи од гробни конструкции. Наоѓалиштето зафаќа простор од околу 1 хектар.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Тумба — населба од неолитско време; Лудеј — населба и некропола од доцноантичко време; Арматуш — населба од доцноантичко време; Широка Падина — населба од доцноантичко време; Шупуро — населба од доцноантичко време; Ритче — населба од доцноантичко време; Дедебалци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Дедебалци