Аренсхоп () — општина во округот Западна Померанија-Риген, во Мекленбург-Западна Померанија, Германија на полуостровот Фишланд-Дарс-Цингст на Балтичкото Море. Порано било мало рибарско село, но денес е познат како туристичко одморалиште.
Историја
Аренсхоп бил првпат споменат во 1311 како одредница на границата на градот Рибниц. Во 1328, војводата Хајнрих II на Мекленбург ја поклонил областа источно од оваа граница на манастирот од Рибниц. Во 1395 силите на градот Росток го уништиле упориштето, изградено од Богислав VI на Померанија и пристаништето на Аренсхоп. Во 1591 била одредена границата помеѓу Мекленбург и Померанија, која минувала низ селото, која постои и денес како гранична патека („Grenzweg“). По Вестфалскиот мир во 1648, источниот дел на селото станал дел од Шведска Померанија до 1815, кога Шведска ја предала Померанија на Прусија. Додека Мекленбург не се приклучил на германскиот Царински сојуз во 1868, секој морал да плаќа такси при поминување на границата. Најголем дел од жителите биле рибари.
мини|лево|Бродската црква (Schifferkirche)
Во 1889, сликарите Паул Милер-Кемпф и Оскар Френцел го „откриле“ селото, воодушевени од пејзажот и започнале ликовна колонија, која станала особено популарна помеѓу сликарите, како што се Маријане Верефкин, Ерих Хекел и Герхард Маркс. Во 1894, Аренсхоп имал 150 туристи, но тој број постојано се зголемувал. Денес, Аренсхоп е познат како „сликарска бања“ и е популарно место за сликари и други познати лица.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Приморски одморалишта во Германија Категорија:Западна Померанија-Риген Категорија:Бањски градови во Германија