Смаилица — археолошко наоѓалиште во битолското село Рибарци. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 1 км јужно од селото, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти градени од камен и кал. По површината се среќаваат покривни ќерамиди, римски тули и фрагменти од керамички садови и питоси.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Во Селото — осамен наод од римско време; Тумби — населба од неолитско време; Рибарци; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Рибарци (Битолско)