Арапски Гробишта — археолошко наоѓалиште во битолското село Добромири. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на 1 км северно од селото и на околу 400 м источно од Црна Река на една мала височинка со зарамнето плато. Тука по површината на нивите се среќаваат множество фрагменти од керамички садови и куќен лепеж, а во самиот центар на наоѓалиштето има неколку камени плочи што се поставени вертикално.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Голема Тумба — населба од неолитско време; Горна Тумба — населба од неолитско време; Добромири; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Добромири