Д-р Саво Климовски (роден на година во Скопје) — македонски правник, професор по уставно право и политички систем на Правниот факултет во Скопје.

Научна кариера

Правните студии со одличен успех ги завршува во јуни 1970 год. на Правниот Факултет во Скопје, каде што во 1974 год. се стекнал со степен на магистер од областа на правно-политичките науки. Со докторат на правни науки се стекнува во мај 1978 год. на Правниот Факултет во Љубљана. За асистент на Правниот факултет е избран во април 1971 г. Првпат за редовен професор на научната област уставно право и политички систем и политичка филозофија. Од октомври 1992 год. во два мандати е декан на Правниот Факултет во Скопје. Во периодот 1996 до 1998 година е претседател на Универзитетскиот сенат при Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје.

Има објавено повеќе монографии, средношколски и универзитетски учебници, како и бројни прилози во научни и стручни публикации.

Политичка кариера

Саво Климовски во периодот од април 1986 год. до март 1991 год. е член на македонската влада и одговорен за ресорите на образованието, културата и физичката култура.

Од 1992 до 2000 година во Собранието на Република Македонија ги имаше следниве активности:

Претседател на комисијата за уставни прашања и политички систем Претседател на комисијата за европски и евро-атлантски интеграции Претседател на советот за меѓунационални односи

На изборите во 1998 година Климовски е избран за пратеник како претставник на Демократската Алтернатива, по што од 1998 до 2000 година ја врши функцијата претседател на Собранието на Република Македонија.www.sobranie.mk

Проф. д-р Саво Климовски е основач и претседател на LIONS CLUB - Скопје. Претседател е на невладината организација за научна комуникација и зближување на народите од земјите во кинескиот теснец и останатиот дел од светот.

Наводи

Надворешни врски Службена страница на Саво Климовски

Категорија:Живи луѓе Категорија:Правници од Скопје Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Југословенски правници Категорија:Југословенски политичари Категорија:Претседатели на Собранието на Македонија Категорија:Политичари од Демократска алтернатива Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Магистри на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје Категорија:Доктори на Љубљанскиот универзитет