Георг Морис Коен Брандес (, Копенхаген, Данска - , Копенхаген) — дански критичар и интелектуалец.

Неговите објавени предавања од Универзитетот во Копенхаген, „Главните струи во мислата од XIX век“, во шест тома (1872-1890), го катализирал преминот од романтизам кон реализам во данската литература. Со своите повици писателите да работат во служба на прогресивните идеи и за реформа на современото општество, заедно со промовирањето писатели како што се Хенрик Ибзен и Август Ибзен, заработил силен отпор од страна на конзервативците, но извршил големо влијание низ целата Скандинавија. Другите негови критички дела ги вклучуваат и „Луѓето од современиот премин“ (1883) и „Данските поети“ (1877).

Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.

Категорија:Дански критичари Категорија:Модернизам Категорија:Луѓе од Копенхаген Категорија:Родени во 1842 година Категорија:Починати во 1927 година